ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска : Министерството продолжува со поддршката на ромската заедница, преку активно вклучување на Ромите на пазарот на труд, предучилишното образование и обезбедување на лични документи

March 4, 2021 11:13
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците на Институтот за истражување и политики- Ромалитико кои преку анализи и истражувања креираат политики преточени во проекти со цел зајакнување на ромската популација во нашата држава, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

На денешната средба од страна на претставниците на Ромалитико, беше презентиран тригодишниот проект кој има за цел унапредување на  положбата на Ромите во нашата држава, преку реализација на поголем број на активности. Во таа насока како такви беа посочени воспоставувањето  на нови и зајакнување на функциите во постојните центри за развој (ЦЛД) предводени од заедницата во 20 општини низ целата држава, обезбедување услуги на ромската заедница преку Центар за повици, презентации и предавања од експерти од различни области (човекови права,  здравство, образование, социјални услуги, работен однос, заштита на деца итн.) Потоа, воспоставување форуми за деловни клубови под покровителство на центрите на ЦЛД и формирање на работни групи на локално ниво за идентификување на главните проблеми со кои се соочува ромската заедница.

Министерката Шахпаска ја истакна важноста од вклучувањето на Ромите  на пазарот на труд, преку информирање за активните мерки и политики на Агенцијата за вработување, потоа обезбедувањето на документи за лична идентификација, на што Министерството за труд и социјална политика активно работи,  подигнувањето на јавната свест за вклучувањето на децата роми во предучилишно воспитување и образование и продолжување на образовниот процес. Таа истакна дека ова е еден од  начините на реализација на  концептот еднакво општество за сите, односно еднакви можности за сите граѓани.

Соговорниците се согласија дека од клучно значење за успешноста на проектот е дирекна комуникација со ромската популација во заедницата каде што живеат, на локално ниво, со цел воспоставување на дијалог меѓу  граѓаните од ромска националност  и институциите.

Next Post
ФОТО: МИА

Се потврдија и двете: Владата е стабилна, опозицијата во аут

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk