ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ ќе поддржи една изборна единица за следните парламентарни избори

March 5, 2021 13:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица, што, како што нагласи е и нивно изборно ветување, бидејќи тоа, според него, значи унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии за рамноправност.

– Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев.

Со ова, нагласи тој, губат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, а во мал дел и ДУИ, како поголеми партии, веројатно и Алијансата за Албанците, но добива државата и демократијата.  

– Но, исто така, даваме и поддршка на консензуално носење Изборен законик, затоа што не сакаме да бидеме први што ќе прекршат правило и по пат на надгласување да се наметне врз опозиција или врз која било партија и да се надгласа за Изборниот законик. Традиција во нашата земја е дека секогаш се прават напори заради рамноправно учество на сите во изборен процес, Изборниот законик да се носи по пат на консензус, рече премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посета на реконструирана градинка во Карпош. 

Тој додаде дека има некакви сигнали дека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ би разговарала за ова прашање.

– Испраќам порака да се седне и да се разговара. Навистина со ова добива демократијата. Да го прифатиме тоа што помалите политички партии доминатно го бараат. Ние го прифативме и заради нив, но го прифативме и заради демократското унапредување на изборниот процес. Ред е да седнат ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат со свој став и ако направат подобри проценки, калкулации, верувам дека можат да изградат и позитивен став. Секако тоа останува на нив. И ДУИ се крши, не знаат дали да прифати, дали не, но дефинитивно верувам дека на крајот сите имае должност за демократијата да направиме еден исчекор повеќе и сега тоа го носиме за изборите 2024, рече премиерот Заев.

Дотогаш, нагласи тој,  има време сите да се подготват и соодветно да се постават. 

Заев истакна оти би сакал претстојните локални избори наесен да се спроведат со отворени листи, затоа што, како што рече, граѓаните покрај тоа што ќе гласаат за своја определба на политичката понуда, ќе гласаат и за личност.  

– Со тоа директно се созадава обврска советниците да им должат на граѓаните, да бидат отчетни кон нив и тоа исто така е унапредување на процесот на демократијата. Но, тоа се само ставови на СДСМ, рече Заев.

Пратеници од Деморатскиот сојуз, Левица, ВМРО-НП и ЛДП, поддржани од СДСМ, до Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој се предвидува земјава да биде една изборна единица на следните парламентарни избори, наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

извор: МИА

Next Post

Ливерпул има 10 бода на 11 натпревари во Премиер лигата во 2021 година, само три екипи се со полош ефект

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk