ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Состанок на Спасовски со началниците на секторите за внатрешни работи и регионалните центри за гранични работи

March 5, 2021 15:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работен состанок со началниците на секторите за внатрешни работи и регионалните центри за  гранични работи, на кој беа анализиарни постигнатите резултати во однос на работата на полицијата во текот на 2020 и почетокот на 2021 година.

-Според анализите, ефикасноста на полицијата е зголемена во период од септември 2020 година, односно во период од септември до декември 2020 година, Бирото за јавна безбедност посветено работеше  во доменот на криминалистичките истражувања. Во оваа насока извршено е интензивирање и координирање на оперативната активност, зголемена е ефикасноста на криминалистичките истражувања, а исто така зајакнати се и акциските контроли за унапредување на безбедноста во сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР посочи дека кон средината на септември воспоставена е и оперативна акција за преземање плански, интензивни активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога на целото подрачје на државата, што резултира со значајни резултати во откривачката функција на полицијата.

-Во рамки на криминалистичко истражување, интензивните активности во борбата против недозволената трговија со дрога, резултираа со заплена на над 711  килограми разновидна наркотична дрога и 4.532 таблети синтетичка дрога. Значително зголемување е евидентирано кај запленетите количини на хашиш, амфетамин, таблети екстази и стебла марихуана. Резултатите во откривачката функција на полицијата, особено се гледаат во спречувањето на меѓународните транспорти, како и реализацијата на поединечни случаи каде се  запленети поголема количина на дроги, посочија од министерството.

На состанокот било констатирано дека состојбата со илегалната миграција има придонес во тоа да се воспостави нов начин на организација на безбедносните служби и поинаков начин на постапување при преземање на потребните мерки и интензивирање на активностите за спречување на илегалната миграција.

Констатирани се и значителни резултати во врска со кривични дела во областа на тероризмот насилен екстремизам и радикализам, односно поднесени се вкупно седум кривични пријави против 22 сторители за сторени десет кривични дела и тоа: четири дела „терористичка организација“, три дела „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“, две дела „тероризам“ и едно дело „помагање“.

МВР информира дека како резултат на интензивните мерки и активности сузбиена е терористичка група од 11 членови, при што пронајдени се се повеќе предмети, знамиња со обележја на ИСИС, оружје и муниција, експлозивни средства и материјали за изработување на импровизирани екплозивни направи.

-Во септември воспоставена е и оперативна акција, заради детектирање и лишување од слобода на лица за кои се распишани централни и меѓународни потерници за сериозни кривични дела. Интензивирањето на активностите во овој дел резултираа со лишување од слобода на 234 лица, кои биле предмет на распишана централна или меѓународна потерница за сериозни кривични дела. Од вкупниот број на случаите, 34 лице биле лишени во странство, додека останатите 200 лица се лишени на наша територија, се вели во соопштението.

Во однос на подобрување на безбедноста на сообраќајот, МВР посочи дека континуирано се преземаа зајакнати мерки, со цел санкционирање на недисциплинираното однесување на учесниците во сообраќајот, а како резултат на тоа намален е бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици и жртви за 2020 година, односно забележани се само 125 жртви во сообраќајни незгоди со тешки последици.

извор: МИА

Next Post

МП: Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на Игор Спасов

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk