Министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, денеска ќе ја посетат локацијата на која е во тек изградба на нов објект за Поликлиниката Сарај при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.
По посетата, предвидени се изјави за медиумите кај градилиштето на новата поликлиника.
Министерот Филипче вчера во телевизиско гостување најави дека заклучно со почетокот на следната недела ќе се одлучува дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки, откако во изминатите денови е регистрирано зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи на Ковид – 19 и на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. Сите модуларни болници, додаде, веќе се поставени и се следат бројките. /МИА/