ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Костадинов: Ова е дефинитивно најбезобразниот статус напишан од човек кој се претставува како лидер на опозицијата

March 7, 2021 15:04
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, во одговор на објавата на Мицкоски за идејата на премиерот Заев за влада на националното единство, најнапред му посака брзо закрепнување и добро здравје и во иднина. Во својот одговор, Костадинов прави кратка анализа на постот на Мицкоски кој за идејата на Заев се изрази со најпогрдни зборови. Костадинов напиша:

Не ја разбирам потребата на Христијан Мицкоски кој гори од температура и лежи на инфективна како и многу голем број наши сограѓани борејќи се со ковид вирусот, да пишува статуси и згора на тоа истите да ги спонзорира…

Ова е дефинитивно најбезобразниот статус напишан од човек кој се претставува како лидер на опозицијата.

Вообичаено, потребата од сожалување е карактерна особина и од таа причина нема да навлегувам темелно во карактерот на Мицкоски, оти би било џабе, тој е таков каков што е и тоа сите добро го знаеме и го имаме видено на дело.

Во конкретната ситуација кога Мицкоски од клиника спонзорира ФБ статуси, во обид да поттикне сите други да го сожалуваат, не е ништо друго освен времено односно моментално уживање на таквиот флуиден карактер, практично, тој ужива во сопствената слабост и не случајно постот е спонзориран.

На овој начин Мицкоски не прави ништо друго освен што бара изговори за својот личен неуспех во водењето на партијата и односот кон државата и преку сожалувањето, целата негова одговорност ја префрла ни сите останати луѓе и поблиски и подалечни нему.

Овие чинови на безобразие на дрскост не сакам да нѐ направат рамнодушни или без чувство на емпатија, но нека ни бидат пример дека, за жал, кај некои луѓе како Мицкоски, не важи основното правило на човештвото дека, болен човек има само една желба, да оздрави.

За крај, сакам да им посакам уште еднаш брзо закрепнување на сите кои се соочуваат со Ковид-19, да апелирам на почитување на мерките и протоколите за заштита на здравјето на граѓаните и да се поклонам пред здравствените работници, од лекари до сестри до портирите во болниците кои даваат несебична жртва за да нѐ спасат од ова зло!

Во прилог, дел од постот на Мицкоски, на кого и Редакцијата Фронтлајн му посакува брзо закрепнување од болеста.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk