Премиерот на Северна Република Македонија Зоран Заев на својот фејсбук профил истакна:
„Нова политика значи нови луѓе и прифаќање нови мислења. СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија е партија во која владее демократијата, но сакаме да дадеме шанса за уште поголема присутност на различни мислења, за дополнително да ја зајакнеме демократијата.
Важен елемент е да ги отвориме вратите и за сите оние кои не мора да имаат книшка од СДСМ, но веруваат во социјалдемократските вредности и проевропските политики.
Демократизацијата на партиите е важен процес кој придонесува за демократизација на целото општество “






