ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Обврска и должност ни е да создадеме општество на еднакви можности меѓу мажите и жените

March 7, 2021 20:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашиот влог е да го менуваме општеството, да создаваме услови за целосна рамноправност на жените во сите општествени текови. Обврска ни е да создадеме општество во кое нема да има место за никакво вознемирување, психичко, физичко или сексуално, општество насочено кон превенција на насилството и заштита на жртвите. Направивме многу во изминатиот период на ова поле, но имаме политичка волја да направиме уште повеќе, порача лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на онлајн трибината што вечерва ја организира Форумот на жени на СДСМ.

Во оваа насока, додаде Заев, не е доволно делување само на една партија. Мора да се работи заеднички, на широк фронт.

Наша должност е да предизвикаме општествени промени, да создадеме општество на еднакви можности меѓу мажите и жените. Успеавме да ги зголемиме бројките на жени од 15 на 30 отсто на раководните и на високите позиции или од 5 на 12 проценти на жените петприемачи и газдарици на фирми. Но, ова, всушност покажува уште колку треба да работиме додека не дојдеме до сооднос 50:50, истакна Заев.

Според него, фокус на СДСМ и на владините политики е воспоставување нови механизми за законски подобрувања. Веќе се керираат измени и дополнувања на Кривичниот законик со воведување две нови кривични дела – демнење и сексуално вознемирување, а во процес е и донесување нов закон за родова еднаквост чија цел е да се обезбеди потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата на жената, еднаков пристап до ресурси, целосно надминување на пречките, учество во донесувањето на одлуките.

Со законот, рече Заев, е предвидено и формирање секретаријат за родова еднаквост, тело кое ќе врши координација и ќе ја следи работата на институциите и локалната самоправа во однос на примената на законот.

– Никогаш нема да дозволиме насилство или повреда на права на жени, тие да бидат премолчени или неказнети. Нема да бидеме неми на никакво насилство, оосбено не на насилство врз девојки и жени, мора да развиеме култура во која насилството е неприфатливо. Има нови форми на злоупотреби и насилство, но ние сме решени да делуваме. Жртвите мора да знаат дека не се сами, државата и институциите се тука да ги заштитат, рече Заев.

Лидерот на СДСМ се осврна и на веќе реализираните политики во изминатите неколку години.

-Еднакви права за жените и мажите значи и еднакви плати за жените и мажите. Нашите економски политики кои значат подобрување на животот на сите граѓани, на стандардот на работниците се фокусирани и во оваа насока. Понудуваме стратегии за директна поддршка на женското претприемништво. Заедно со другите мерки за обуки, усовршување и доквалификација, да ги поттикнеме жените да земат активно учество во економските текови на државата. Веќе имаме и резултат. Со Оперативниот план за програми и мерки за вработување. Во 2018 година 54 отсто или 3.456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инклузивност на жената на пазарот на трудот. И нема да застанеме додека не постигнеме еднаквост на пазарот на труд за да ја поттикнеме мотивираноста, охрабрувањето и определувањето на местото на жените во долгорочниот напредок и емнципација на жените. Општеството нема да биде еднакво ако во него не се еднакви мажите и жените, рече Заев.

Тој е горд, како што додаде, дека социјалдемократски вредности и владините политки се целосно во духот на родовата еднаквост и на еднаквата застапеност на жените во политичкиот и општествениот живот.

-СДСМ направи историски чекор и покажа дека е меѓу ретките партии кои родовата еднаквост ја поставуваат на сите нивоа. Жените во нашата партија денес се целосно изедначени со мажите, подвлече Заев.

На трибината насловена „На чекот до нов Закон и нови механизми  за родова еднаквост“, учествуваат и други членови од партискиот врв на СДСМ: Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Мила Царовска и Јагода Шахпаска.

Трибината е повод утрешниот празник 8 Март – Меѓународниот ден на жената. /МИА/

Next Post

Парижани не ги почитуваат здравствените мерки, полицијата интервенира на кејовите на Сена

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk