ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Преку договорот од Преспа остваривме соработка со Грција во енергетиката со што стануваме земја којашто предничи во регионот по инвестиции во зелена енергија

March 7, 2021 15:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Економската соработка со Грција после Преспа бележи развој кој не можеше да се замисли пред тоа“, рече во интервју за Слободна ТВ, претседателот на Владата Зоран Заев и додаде дека трансакциските советници од „Прајс, Вотерс, Хаус и Купер“, ангажирани за подготовка на договорите и меморандумите за соработка за инвестицијата што како држава ќе ја имаме во Грција се прифатени, и овие денови се очекува Владата да ги разгледа и усвои.

„Потврдени се односите и имам информација дека сугестии дадени за одредени замерки на договорите и меморандумите се прифатени. Нашата намера е да вложиме одреден процент во гасниот терминал Александрополис кој што е вреден околу 400 милиони евра, и во кој има грант од ЕУ од 170 милиони евра и во кој ние ќе партиципираме со 10%, а Грција и Бугарија партиципираат со по 25%, а останатиот дел е приватен капитал. Дополнително ќе учествуваме со 25% во гасната централа која што е веднаш до гасниот терминал и која е со капацитет од 630 до 830 мегавати, вредна преку 400 милиони евра. Колку за пример за што станува збор, еден блок на РЕК Битола е 200 мегавати“, истакна премиерот Заев за Слободна ТВ.

Тој додаде дека тоа е резултат на отворањето на соработката со Грција што практично значи ново, големо вложување во обновливи извори на енергија и за замена на јагленот како енергенс.

„Не застануваме тука. Имаме нови шест инвестиции во енергетиката, меѓу кои и Митилинеос со намера да гради гасна централа во земјата. Најавени се намери за инвестиции во железницата. Има нови инвестиции во земјоделието, во индустријата на канабисот за медицински потреби. Отворени се нашите шанси за унапредување на економските односи со Грција и во други области. Тоа се перспективи за нови работни места, високи плати, и секако раст на трговијата меѓу Северна Македонија и Грција“, нагласи премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.

Next Post

Пристигнаа 3 000 дози од руската вакцина „Спутник В“, продолжува процесот на имунизација

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk