ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Статуата на Слободата е „caput“

March 8, 2021 21:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Снимка од екран од филмот „Спасувајќи го војникот Рајан“

Снимка од екран од филмот „Спасувајќи го војникот Рајан“

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Во една сцена од култниот „Спасувајќи го војникот Рајан“, кога сојузничките сили навлегуваа во Нормандија, за да им го зададат последниoт удар на нацистите, наци спикерот упрпан и скриен позади разгласот, во обид со психолошки финти да ги демотивира сојузничките војници вика: – Статуата на Слободата е caput (мисли на падната).

Така и блеферот Mицкоски, преку својот фејсбук разглас, на денот кога го доби својот камен по глава, објави – оваа Влада паѓа.

Во ситуација кога месеци наназад Мицкоски билдаше атмосфера дека сегашнава Влада нема парламентарно мнозинство и дека само прашање на ден е кога паѓа владата, сето тоа му се удри во фаца, Орданоски тоа го именува како Тонч, мене ми заличи на Шах-мат во еден потег, во секој случај тоа е политички крај за Мицкоски. Одма после тоа, Заев обзнани дека планира да отвори дебата за заедничка влада со опозицијата. И на тоа немоќниот Мицкоски реагира засегнато и неспремно и отфрла какви и да се разговори во таа насока. Сета плиткост и политичка немоќ на Мицкоски се собра во таа една фејсбук објавa, а тој сè уште прета и се обидува политички да преживее. Каков крај.

Претка и во стилот на Стевче Гром се залета и претседателот на ЛДП Милевски, па вели: „нека им е со среќа во таква свадба нема да учествуваме“, но од него со оглед на тоа дека има „нула, запирка, нула“ рејтинг и не се очекува којзнае што и којзнае колку. И смешката Апасиев се истрча и вели дека СДСМ и ДПМНЕ се здружувале против Левица и тоа било целта. Колку остроумно – конечно му текнало на Заев како да ја сруши семоќната Левица?!  Но, Мицкоски како лидер на најголемата опозициска партија не што не може, туку не смее да си ја дозволи таквата комоција и да биде неспособен. Од него партиското членство очекува рационални одговори и решенија, а не досетливи флоскули. Во сето тоа вмровско безумие некој несреќно го посоветувал Мицкоски дека сега е време и да се нарача анкета. И тој некој го избајбуткал Мицкоски нарачката да ја направи кај Божиновски. Ене, уште се смее јавноста од резултатите од анкетата.

Потрошени новинари пак, исто се најдоа немоќни да одбранат неодбранливо и се обидуваат да го вулгаризираат моментот за повторно да се факторизираат. Еден за да ја покаже својата големина и важност дури и се фали дека имал директен контакт со мафијашкиот старлета, кој во моментов грее клупа во Шутка, чекајќи го трансферот за подолг престој во Идризово. На фрикчикот му летнала вејката, онака како што лета од едно ТВ студио до друго, од еден табор во друг. Освен таборење и плукање отров, поинаку кутриот нит знае нит умее за да опстои на јавната сцена. Сега кога веќе почна да ги троши сите „домаќини“, прашањето е за кое тело ќе се закачи паразитот за да цица.

Се чудите зошто во колумна пишана на осми март не честитам „8 Март“? Многу е едноставно.

„Просто да не ти се верува, дека под турско сме имале ПОПРОГРЕСИВНИ ЖЕНИ од денешниве граџанско-енџиоашки либтард-феминистки“, на фејсбук објави недокваканиот пратеник Апасиев, баш денеска кога борките и борците за правата на жените маршираа за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“ и сите жртви на родово засновано насилство.

Што да ви кажам после ова, драги мои борки и борци?

Спасувајњето на војникот Рајан даде многу жртви.

– Борбата продолжува!


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот.

Next Post
фото: МИА

Облачно со повремен дожд

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk