ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кобното утро за битолските Евреи – 11 март 1943 година

March 11, 2021 08:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на институции од Битола, здруженија на граѓани и поединци, вчера и денес, со повеќе манифестации потсетуваат на кобното утро од 11 март 1943 година кога 3.276 битолски Евреи беа депортирани од градот.

Масовното населување на Евреите во Битола датира од 1497 година според православниот, односно 5257 година според еврејскиот календар и е резултат на масовното иселување на Евреите од Пиринејскиот Полуостров, со протерувањата од Шпанија, а подоцна и од Португалија.

Шпанските и португалските Евреи, познати како Сефардски Евреи, населувајќи се во Битола, како и насекаде во светот живееле свој посебен живот, прилагодувајќи ги своите народни и духовни потреби на условите на живот кој се одвивал околу нив, а центарот на нивниот општествен живот била нивната општина.

Еврејската населба во Битола ги зафаќала денешниот простор од Безистенот до Здравствениот дом во Битола, а подоцна оформиле нова населба наречена „Ла мале“, која се наоѓала од десната страна на реката Драгор, од дрвениот мост па се до хотелот „Солун“. Во градот имало и трета населба од Мас-пазар до „Пипер ан“ која се викала „Ла Табана“. Во т.н. центар на еврејската населба била синагогата „Ла Хавра“, место кое денес битолчани го нарекуваат „Кај Аврата“.

Пријателствата со другото население во градот значеле и споделување на заеднички судбини, но и предизвици па затоа забележливо е учеството на евреите во Илинденското востание, активностите на ТМРО и вклученоста во антифашистичката борба во 1941 година. Во тој период, санкциите против Евреите се засилуваат, во 1942 година тогашниот окупатор им наредил да живеат во помал станбен простор, забрането им било да користат автомобили, радиоапарати, телефони…се до одлуката кога кобното утро на 11. март 1943 година, 3.276 битолски Евреи се депортирани во концентрациониот логор Треблинка.

Во знак на сеќавање и денес битолчани ќе положат цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи и народната хероина Естреја Овадија Мара кои се наоѓаат пред Домот за народно здравје „д-р Хаим Абраванел“ во Битола, а градоначалничката Наташа Петровска ќе засади јапонски цреши. / МИА/.

Next Post

Бразил регистрира црн рекорд по број на жртви од Ковид-19 за еден ден

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk