ВМРО-ДПМНЕ преку написите на „Ла Верита“ лаже дека некој сака политички бенефит и ја загрозува имунизацијата. Во целиот овој период се водиме до два принципи – внимателност и регуларност. Во таа смисла ги отфрлам сите обвинувања што ги има овие денови во дел од медиумите за нерегуларности и незаконски постапки и провизии. Жал ми е што излегоа во објави во медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во Ла Верита, некои документи испратени до повеќе компании.
Каракачанов вели никаде не спомнал дека имињата се пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, самите се препознале. Едноставно тие имиња мене ми зборуваат нешто. Не знам зошто се случуваат тие бурни реакции. Не сум рекол дека тие се пратеници, но од ДПМНЕ се препознаа. Секој може да влезе во избирачките списоци во Бугарија и да види дали тие имиња ги има таму.
Судијката Софија Лаличиќ е разрешена, паѓа „Сваровски судството“. Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката, соопштуваат од Судскиот совет.
Со сите владини политики, програми и мерки ќе се справиме со невработеноста од ковид кризата, најавува Битиќи. Веќе најавив дека во процес се инвестиции кои ќе генерираат над 3.000 работни места. Таму секако ќе се вработуваат тие кои се највработливи, односно тие кои останале без работа заради Ковид-19.
Заев-Норман: Инвестицијата на канадска „Магна“ е силен мотив и охрабрување и за други компании од оваа земја да инвестираат во Северна Македонија. Премиерот Заев го запозна новоименуваниот амбасадор на Канада Норман со процесот за пристапување на нашата земја во членство во ЕУ, за што канадскиот амбасадор ја пренесе поддршката на неговата земја за овој процес кој на Северна Македонија ќе и донесе дополнителна стабилност и просперитетна иднина.
Институт за имунологија: Препораки за вакцинација според CDC- интервалот меѓу двете дози може да се одложи до 6 недели ако тоа е неизбежно. Постојните докази укажуваат дека ризикот за SARS-CoV-2 реинфекција е низок во првите месеци по иницијалната инфекција. Заради ограничената достапност на вакцини, вакцинацијата на овие луѓе привремено може да биде одложена.