ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Лаги на опозицијата и „Ла Верита“ за да се загрози вакцинацијата, разрешена судијката Софија Лаличиќ, Каракачанов вели во ВМРО-ДПМНЕ сами се препознале…

March 11, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ преку написите на „Ла Верита“ лаже дека некој сака политички бенефит и ја загрозува имунизацијата. Во целиот овој период се водиме до два принципи – внимателност и регуларност. Во таа смисла ги отфрлам сите обвинувања што ги има овие денови во дел од медиумите за нерегуларности и незаконски постапки и провизии. Жал ми е што излегоа во објави во медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во Ла Верита, некои документи испратени до повеќе компании.

Каракачанов вели никаде не спомнал дека имињата се пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, самите се препознале. Едноставно тие имиња мене ми зборуваат нешто. Не знам зошто се случуваат тие бурни реакции. Не сум рекол дека тие се пратеници, но од ДПМНЕ се препознаа. Секој може да влезе во избирачките списоци во Бугарија и да види дали тие имиња ги има таму.

Судијката Софија Лаличиќ е разрешена, паѓа „Сваровски судството“. Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката, соопштуваат од Судскиот совет.

Со сите владини политики, програми и мерки ќе се справиме со невработеноста од ковид кризата, најавува Битиќи. Веќе најавив дека во процес се инвестиции кои ќе генерираат над 3.000 работни места. Таму секако ќе се вработуваат тие кои се највработливи, односно тие кои останале без работа заради Ковид-19.

Заев-Норман: Инвестицијата на канадска „Магна“ е силен мотив и охрабрување и за други компании од оваа земја да инвестираат во Северна Македонија. Премиерот Заев го запозна новоименуваниот амбасадор на Канада Норман со процесот за пристапување на нашата земја во членство во ЕУ, за што канадскиот амбасадор ја пренесе поддршката на неговата земја за овој процес кој на Северна Македонија ќе и донесе дополнителна стабилност и просперитетна иднина.

Институт за имунологија: Препораки за вакцинација според CDC- интервалот меѓу двете дози може да се одложи до 6 недели ако тоа е неизбежно. Постојните докази укажуваат дека ризикот за SARS-CoV-2 реинфекција е низок во првите месеци по иницијалната инфекција. Заради ограничената достапност на вакцини, вакцинацијата на овие луѓе привремено може да биде одложена.

Силвана Бонева: Обвинението против мене е целосно неосновано. Цело време ова информација се чуваше како строго доверлива за да може да продолжи политичката пресметка со мене, а СЈО да има оправдување за поведување на неоснована постапка против мене и со тоа да троши огромни суми од буџетот на РМ!“ – тврди, меѓу другото, Бонева.
(ВО ЖИВО) Панел дискусија на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ во Гостивар. Започна панел дискусијата на  ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ во општина Гостивар.  Учесници   на панелот се  Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар, Бесим Мемеди, претседател на совет, Зоран Ангелов – координатор на советничка група на СДСМ, Марјан Силјаноски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, Кашмир Салиу- советник од  ДСР. Панелот го модерира Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Во Камбоџа прв смртен случај од коронавирус една година по почетокот на пандемијата.
И. Т. З. 
Next Post

Разрешената судијка Софија Лаличиќ: Одлуката е срам за Судскиот совет

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk