ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Камбоџа прв смртен случај од коронавирус една година по почетокот на пандемијата

March 11, 2021 16:47
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Камбоџа е регистриран првиот смртен случај од коронавирус, една година по избувнувањето на пандемијата, а се работи за 50-гпдишен маж кој бил заразен минатиот месец и работел како возач во кинеска компанија во крајбрежната провинција Сихануквил.

Во Камбоџа досега се регистрирани само 1.163 случаи на коронавируси, но земјата се бори со нова локална епидемија во која се заразени неколку стотици луѓе.

Според Министерството за здравство, новата епидемија започнала со странски студент кој ја прекршил мерката за карантин и на почетокот на февруари го напуштил хотелот и отишол во ноќен клуб. Тоа предизвика нови случаи на зараза по што Владата на 20 февруари прогласи двонеделно затворање на сите училишта, кина, барови и забавни институции во Пном Пен.

Оттогаш, камбоџанската Влада го продолжи затворањето за уште две недели за училишта, спортски сали, концертни сали, музеи и други објекти за забава во главниот град, но исто така и во блиската провинција Кандал и провинцијата Сихануквил.

Министерството за здравство денеска соопшти дека се пријавени 39 случаи на локално пренесување на вирусот.

Како што расте епидемијата, еден луксузен хотел во главниот град е претворен во ковид-болница со 500 соби, а властите спроведуваат нов закон со кој се изрекуваат кривични казни за кршење на здравствените правила.

Земјата почна кампања за вакцинација во февруари со 600.000 дози на кинеската вакцина Синофарм. Исто така, овој месец доби 324.000 дози од вакцината АстраЗенека, донирана и произведена од Индија.

извор: МИА

Next Post

Судијката Софија Лаличиќ е разрешена, паѓа „Сваровски судството“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk