Нова лажна вест на Фејсбук објави пратеникот и лидер на „Левица“, Димитар Апасиев, кој тврди дека во Велес и други градови од внатрешноста не работат дежурни аптеки ниту пак има дежурни лекари во болниците.
„Се’ што треба да знаете за “успешното менаџирање” со кризава е дека, во градовите во внатрешноста, за време на полициски час, НЕМА ДЕЖУРНА АПТЕКА и НЕМА ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ во болниците (те пречекува само медицинска сестра – *потврдено од пациент од терен, ноќеска во Велес)!? p.s. До кое дереџе ја урнисавте државава, клептомани едни корумпирани! #ЌеВиситеЗаедно“, пишува Апасиев, во постот полн со невистини, навреди и закани, кој многу бргу достигна над 1200 реакции и десетици оркестрирани споделувања на ФБ страници и групи.
Со демант на оваа дезинформација се јави парламентарецот од Велес, Ненад Коциќ, кој е инаку и лекар по струка.
Додека целиот здраствен систем посветено и одговорно работи, во интерес на граѓаните, не знам дали вакви постови се ширење лаги и дезинформации или лешинарство???
„НЕКОИ типови за 10-тина минути присуство на работното место земаат илјада и кусур евра плата, а плукаат по здравствениот систем кој ревносно се бори со најголемото зло на денешницата. НАЈОСТРО демантирам дека во Велес или било која болница во државата, персоналот не е на своите работни места.
Случајно, поради повреда на роднина, се јавив во болницата во Велес… Разговарав со докторот, ме информираше за состојбата. Поради оваа дезинформација проверив на СИТЕ одделенија, СИТЕ доктори, сестри и помошен персонал се на своите работни места. Аптеките работат на повик, секоја вечер има одговорна аптека, ме информираа од Службата за Итна медицинска помош. Го повикувам колегата, ако има малку доблест, да се извини на СИТЕ доктори од внатрешноста, како што вели. Ги поздравувам СИТЕ медицински лица на своите работни места, кои за жал се таргет на несовесни политичари… и им посакувам мирно дежурство“, се вели во демантот на пратеникот во Собранието и велешанец, д-р Коциќ, објавен вечерва на неговиот Фејсбук профил.
Д. Е.