ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Карантинот во Грција продолжен за уште една седмица, училиштата затворени до 29 март

March 12, 2021 19:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

До 29 март ќе бидат затворени основните и средните училишта во цела Грција и од вторник, онлајн настава ќе следат и учениците во деловите од земјата каде што се одржуваше редовна настава со физичко присуство, а паралелно карантинот и рестрикциите во Грција се продолжуваат за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас попладнево ги соопшти одлуките, по препораките од надлежната комисија на епидемиолози.

Грција и понатаму е поделена во две зони темноцрвена („многу зголемена опасност“) и црвена („зголемена опасност“) согласно епидемиолошката слика во секој од регионите.

Во темноцрвената зона се областа Атика, поширокиот дел Атина, Солун и уште 26 други региони, од кои осум беа денеска соопштени и во сила се построги рестрикции, односно целосен карантин со полицискиот час од 19 часот до 5 часот наутро, со исклучок на Солун и Атина, каде што од понеделник до петок е од 21, а само за викендите од 19 часот.

Во црвената зона полицискиот час е од 21 часот, додека пак досега учениците од основните и дел од средните училишта следеа настава со физичко присуство, нешто што од вторник нема повеќе да важи.

Актуелните рестрикции во сила ќе бидат до 22 март 2021 година.

Хардаљас рече дека надлежната комисија дала позитивна препорака за отворање на малопродажбата, но кога тоа ќе го дозволи епидемиолошката слика.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е веќе 20 еден месец.

Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 2.405 нови случаи на Ковид-19, од кои 1.137 од новозаразените се во областа Атика, починаа 49 лица, а 521 пациент е приклучен на апарати на Одделите за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Грција има 217.018 потврдени случаи на Ковид-19, а починаа 6.986 лица.

Професорката епидемиолог Вана Папаевангелу на денешната редовна прес конференција рече дека минатата седмица се зголемил бројот на хоспитализирани со прием на 400 пациенти дневно, додека пак во изминатите два дена оваа бројка достигнала до над 500 пациенти.

Додаде дека е зголемен притисокот врз здравствениот систем, особено во областа Атика, поширокиот регион на Атина каде што се исполнети 92 отсто од капацитетите на одделите за интензивна нега наменети за Ковид-19.

Во однос на процесот на имунизација, професорката рече дека досега се спроведени над 1,2 милиони вакцинации, 7,8 отсто од населението ја примило првата доза, а со двете дози вакцинирани се 3,6 отсто од граѓаните и истакна дека вакцинацијата спречила 12.000 нови случаи.

Next Post

Новиот Нацрт-закон за надворешни работи јавно достапен на ЕНЕР

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk