ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Новата претседателка на Врховниот суд Беса Адеми: Се обврзувам пред јавноста да ја вратиме довербата на граѓаните во судскиот систем

March 12, 2021 11:33
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Како долгогодишна судијка со професионална кариера градена низ судските скалила, свесна сум со предизвиците со кои ќе се соочам, но правната држава мора да има целосен и функционален систем, а тоа е еден од моите приоритети како претседател на Врховниот суд, каде ќе се гарантира правдата да биде достапна за сите граѓани и во државата да владее правото и правдата, како и почитување на слободите и правата на граѓанинот, изјави судијката Беса Адеми, која денеска пред Судскиот совет даде свечена заклетва како претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

– Се обврзувам пред јавноста заедно со моите колеги од Врховниот суд, како и со останатите судови за кои Врховниот суд има надлежност, да ја вратиме довербата на граѓаните во судскиот систем. Заеме дека тоа е сложен долготраен процес, но ние сите сплотени заедно ќе работиме за да го забрзаме тој процес и да го унапредиме, изјави судијката Адеми.

Таа пред членовите на Судскиот совет даде свечена изјава со која, како што потенцира, се обврза дека функцијата претседател на Врховниот суд ќе ја извршува совесно, чесно и одговорно и со тоа гарантира со нејзиниот личен и профеисонален интегритет.

– Како претседател на Врховниот суд на според статус и функција, прв судија меѓу еднаквите, во согласност со надлежностите предвидени во Уставот, Законот за судови, судскиот Деловник, како и Деловникот за работа на Врховниот суд, максимално ќе бидам посветена во извршувањето на претседателската функција имајќи предвид и фактот за незавидната состојба на нашето судство, рече претседателката на Врховниот суд Адеми.

Судскиот совет на 12 февруари годинава со 12 гласа „за“ и еден против ја избра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Во конкуренција за прв човек на Врховниот суд беа и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова, која неколку дена подоцна беше разрешена од судијската функција.

Беса Адеми е родена на 23.1.1964 година во Скопје. Живее во Скопје. По националност е албанка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 година. Правосуден испит положила во Скопје на 8.4.1993 година.

Адеми на 15.12.1990 година започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 година била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 година до 14.6.2004 година работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ. На 15.6.2004 година е избрана за судија во Апелацискиот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

извор: МИА

Next Post

Пладневен преглед: Тече вакцинацијата со „Спутник В“, се очекуваат „Фајзер“ и „АстраЗенека“, Орданоски за Апостолите на политичката лага, Адеми се обврза да ја враќа довербата во судството

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk