Орце Камчев доби 30-дневен притвор. Утрово, Камчев е притворен поради предлог на обвинител од Радовиш за кривично дело изборна измама, а 30-дневен притвор му се одредува поради индиции од Агенцијата за национална безбедност дека постои можност од бегство на осомничениот, како што објави МИА.
Камчев е приведен утринава во Полициската станица Карпош. По приведувањето беше упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија по претходна постапка.
Според објавите на дел од медиумите, кои ги пренесува МИА, Камчев се подготувал за бегство, а информацијата за ваквиот обид до Обвинителството ја доставила Агенцијата за национална безбедност.
Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај. Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.