ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Додека не се подобри ситуацијата економиите во ЕУ мора да останат заштитени

March 15, 2021 18:46
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите членки на еврозоната, познати како Еврогрупата, денеска се согласија дека мора да се зачуваат заштитните фискални механизми додека економиите во ЕУ и во еврозоната не излезат од кризата.

Ова е заклучокот на денешниот состанок на Еврогрупата.

Иако рецесијата не е толку длабока колку што очекуваше Европската Комисија минатата есен, ситуацијата е сепак лоша и неизвесна, и само ефикасен процес на вакцинација е решение за излез од кризата, смета Еврогрупата.

Од почетокот на оваа криза без преседан за економиите на ЕУ, Европската Комисија ги олесни буџетските и фискалните правила за земјите членки и воведе низа програми за помош.

Еврогрупата денес ги поздрави овие иницијативи и нагласи дека е од критично значење земјите да продолжат да се координираат во поддршката на фискалните политики.

„Ќе продолжиме да ја штитиме нашата економија преку воведување на потребната стапка на фискална поддршка“, се наведува во заклучокот од денешниот состанок на земјите од еврозоната и се потврдува дека додека не дојде до економско заздравување и додека трае акутната здравствена криза, силни фискални мерки за заштита на граѓаните и на бизнисите треба да останат на сила.

Откако ќе се подобри состојбата, земјите сметаат дека мерките ќе треба постепено да се насочат кон потаргетирани решенија, како на пример заштита на односите помеѓу вработените и фирмите, избегнување на стечаи, создавање нови работни места и можности за невработените. Секоја земја треба да има специфични мерки кои одговараат на нејзината ситуација. Закрепнувањето, наведува Еврогрупата, нема да се одвива еднакво во сите земји и региони на Унијата.

Еврогрупата оцени денеска дека откако економското заздравување ќе биде потврдено и извесно, земјите членки на еврозоната треба да се справат со зголемената стапка на јавен долг преку воведување на среднорочни фискални стратегии и поддршка за зелената и дигитална транзиција на општествата и економиите.

„Земјите членки треба да се фокусираат на промоција на приватни инвестиции и зголемување на капацитетот за производство на еврозоната“, се наведува во заклучокот на Еврогрупата. /МИА/

Next Post

Најнаградувана пејачка: Бијонсе во две креации на Греми, позираше со ќеркичката Блу Ајви и Џеј Зи

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk