Бијонсе руши рекорди. Со освоени 28 Греми статуетки, 39-годишната музичка ѕвезда стана најнаградуваната жена во историјата на доделувањето на престижните награди.
На 63-тото издание на Греми, кое се одржа синоќа, Бијонсе се закити со четири награди.
На манифестацијата, популарната пејачка присуствуваше со Џеј Зи. За оваа пригода, таа избра црна кожна креација од Schiaparelli.
На својот сајт, Бијонсе сподели фотографии со Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви. 9-годишното девојче ја доби првата Греми статуетка за учеството во спотот на мајка си за „Brown Skin Girl“.
За забава по повод Греми, Бијонсе се пресоблече во сребрена креација со турбан.
извор: http://www.femina.mk/