ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Менкиноски во одбрана на Камчев, враќа ли Мицкоски контрауслуга, големи се неговите хипотеки кон Орце, четири земји од регионот со поголема смртност од Ковид 19…

March 15, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 284 случаи со Ковид-19, 21 починат и 449 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројот на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а на активни случаи изнесува 11.457.

Четири земји од регионот со поголема смртност од Ковид 19 од Македонија. Во Македонија починале 1.593 лица на еден милион жители, а пред нас се, Бугарија со 1.625 починати на милион жители, Босна и Херцеговина со 1.667, Црна гора со 1.797 и на прво место по смртност е Словенија со 1.892 починати на еден милион жители.

Менкиноски во одбрана на Камчев, враќа ли Мицкоски контрауслуга за помошта што тој и ВМРО-ДПМНЕ ја добиле од контроверзниот бизнисмен? Со назначувањето на Менкиноски за бранител на Камчев отворено се поставуваат прашањата, дали врвот на ВМРО-ДПМНЕ а особено Мицкоски ова го прават како контра-услуга за помошта на Камчев кон партијата или можеби станува збор за претпазливост на Мицкоски за тоа што се би можел Камчев да каже во текот на истрагата?

Мицкоски го брани Орце, големи се неговите хипотеки кон Камчев. Заев не го постави Менкиноски за претседател на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, за преговарач за ЈО. Не го праќаше Заев на партиски пресови да шири лажни вести туку Мицкоски. Провиден и нервозен е Мицкоски, соочен со реалноста дека не му успеа да го одбрани криминалот на режимот, велат од СДСМ.

Дувњак: Околу и за Камчев има многу сомнителни зделки и финансиски трансакции. Инаку врските на Камчев со Бугарија не се слчучајни, не се од сега. Дури и „Фокус“ пишуваше дека е забележлив податокот дека Камчев во последната година, година и пол почнува да ги пренесува бизнисите во Македонија, но не е тој титуларот на сопственоста. Во моментов колку што знам „Орка Холдинг“ е на име на фамилијата, но другите бизниси се на друго име пренесени, што да бидеме искрени во изминатиов период беше и стил на работа на Камчев. Во Бугарија Камчев има повеќе развиени бизниси – има бизнис со медицина, со млекари итн…, изјави Дувњак.

Битиќи и претседателката на ССК Арсовска ја претставија електронската платформа за туризам.  Станува збор за иновативно, паметно и дигитално решение, кое на домашните и странски туристи им овозможува голем број на услуги, преку прегледи на угостителски и сместувачки капацитети, планирање на патувањата во нашата земја, но и кое дава предлози, кои се културни знаменитости може да се посетат за време на патувањето.

Царовска: Со образованието поставуваме основи за интеркултурност, родова рамноправност и инклузивност. Очекувањата од новата Концепција за основно образование се, веќе да не се случува по граѓанско образование да се учи што е родова рамноправност, или за улогата на жената, или што е демократија, а по мајчин јазик децата да учат дека местото на жената е во кујната и дека таа повеќе треба да се грижи за децата.

Девојка од Крушево пријавила обид за силување, двајца приведени. Тие биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Град Скопје: Почна доставувањето на решенијата за данок на имот и фирмарина за 2021. Граѓаните  по  добивањето на решенијата можат сите забелешки и неправилности да ги пријават на сајтот на Град Скопје е-даноци (https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml), преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку електронска пошта на следните адреси:

 „Остани безбеден“- Заедничка кампања на Скопје ЗOO и СВР Скопје. На влезот во градината беа поделени заштитни маски на посетителите, а нашите пријатели полицајци ни помогнаа и во едукација за придржување кон кодексот на однесување на посетителите кој е пропишан од Скопје Зоо- Да не се хранат и вознемируваат животните, да се носи маска и да се одржува дистанца.
И. Т. З. 
Next Post

СЗО: Ги анализираме извештаите поврзани со АстраЗенека, засега нема докази

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk