ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: ЕИБ е наш партнер и поддржувач на нашиот европски пат, Османи утре во посета на Швајцарија и Шпанија, Ако ВМРО-ДПМНЕ го поддржува петтиот пакет на економски мерки ќе се откаже од блокадите во Собрание

March 15, 2021 20:57
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа Влада е транспарентна и отчетна и вчера објавивме нова алатка, со која секој ден ќе имате точна бројка на приходи, расходи, капитални инвестиции и државен долг, соопшти вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

По прв пат ние како Влада имаме среднорочна стратегија за развој и среднорочно планирање на буџетот и со двата параметри некаде веќе четвртата година ние би требало да го спуштиме јавниот долг на 56%, 56,7% тоа значи дека во суштина економијата ќе генерира таков раст за да ние бидеме во ситуација да го намалуваме јавниот долг со раст на БДП. Истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Во 2014 година ВМРО-ДПМНЕ секој еден граѓанин се задолжил за некаде 2,500 евра или 500 милиони евра со каматна стапка од околу 4% и сме платиле во овие 7 години 140 милиони евра камата, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Ако ВМРО-ДПМНЕ го поддржува петиот пакет на економски мерки ќе се откаже од блокадите и ќе дозволи нормална работа на Собранието, на крај на денот тоа е нивна одговорност и нивна работа, а да кажат дека ќе ги поддржат ама нека видат овие другите за кворум во период на здравстевна криза јас тоа не го разбирам, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Република Северна Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со КОВИД-19 со посебен фокус на малите и средни претпријатија, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од програмата што произлегува од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан.

Како што соопшти МНР, во рамки на престојот во Берн, министерот Османи ќе се сретне со бројни здруженија на граѓани и членови на нашата дијаспора од кои ќе побара поддршка за процесот на Попис 2021. За време на престојот во Швајцарија, Османи ќе има средба и со неговиот колега, сојузниот министер за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис, со кого, како што се наведува, ќе разговараат за севкупниот развој на односите меѓу двете земји, со посебен фокус на билатералната развојна помош на Швајцарија кон Република Северна Македонија.

Вакцината на АстраЗенека/Оксфорд не е одговорна за згрутчување на крвта, соопшти денеска британскиот регулатор за вакцини. Фил Брајан, шеф за безбедност на вакцини во Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи, изјави дека организацијата „внимателно ги разгледува“ извештаите за згрутчување на крвта во некои европски земји.

Next Post

Богдановиќ: Уставниот суд не нѝ дозволи да ги ревидираме Урбанистичките планови

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Ново истражување сугерира дека ширењето на универзумот не се забрзува, туку забавува

November 6, 2025
Скриншот

Трамп: Светот би бил во депресија без американските царини

November 6, 2025

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk