ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анкета на ИДСЦС: Половина граѓани би се вакцинирале, 16 проценти се двоумат

March 17, 2021 15:05
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Институт за демократија преку Програмата за парламентарна поддршка спроведе анкета, според која половина од анкетираните граѓани изјавиле дека би се вакцинирале, а 16 отсто се уште се двоумат.

Најголем дел од граѓаните, според анкетата, ја преферираат вакцината на „Фајзер“. Од друга страна граѓаните сметаат дека Владата не прави доволно за да ја адресира состојбата со актуелната криза.

На прашањето „Дали би се вакцинирале“, 50 отсто одговориле со „да“, 34 проценти со „не“, а „не знам“ одговориле 16 проценти од испитаниците.

Триесет и девет проценти одговориле дека би се вакцинирале со „Фајзер“, со „Спутник“ 21 отсто, со кинеската „Синофарм“ шест отсто, со „Модерна“ пет отсто, додека со „Астра зенека“ три проценти од граѓаните.

„Не знам“ со која вакцина одговориле 27 проценти од анкетираните граѓани.

 

На прашањето „Дали Владата прави доволно за да ја адресира состојбата со здравството, економијата и образованието“, со „да“ одговориле 39 отсто, „не“ кажале 53 проценти, а „не знам“ осум проценти.

Во денешното соопштение на Институтот за демократија не е наведено на колкав број анкетирани е извршено истражувањето на јавното мислење. Додаваат дека извештајот од анализата на јавното мислење за изминатата година ќе биде достапен за јавноста следната недела.

Институт за демократија преку Програмата за парламентарна поддршка годишно го информира Собранието за перцепциите на граѓаните за неговата работа и генералните политики во државата.

-Во таа насока и оваа година го информираме Собранието, креаторите на политики и јавноста што мислат граѓаните за здравствената криза и вакцинацијата против коронавирусот. Инфографиците се изработени во рамки на Програмата за парламентарна поддршка на Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, спроведена од НДИ, ИДСЦС и Центарот за управување со промени – ЦУП, наведуваат од Институтот за демократија.

извор: МИА

Next Post
Ристо Камов Фото: Принтскрин

Камов за пописот: Џабе ни е стратегија за развој на туризмот ако немаме точни податоци

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk