ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии започнува реформа за унапредување на фискалната децентрализација

March 17, 2021 11:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа, се трите столба од реформата за унапредување на фискалната децентрализација, процес кој го спроведува Министерството за финансии и за кој достави информација до Владата, a која беше разгледана и усвоена на вчерашната владина седница.

Од Министерството за финансии информираат дека по ова ќе следи процес на јавни консултации и расправа со ЗЕЛС и засегнатите страни, а во координација со Работната група за продолжување на процесот на децентрализација формирана од страна на Владата во која учествуваат министерствата за политички систем, за финансии, за локална самоуправа и ЗЕЛС.

Првиот столб, или подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, ќе се спроведе преку повеќе активности кои предвидуваат раст на средствата кои им се распределуваат на општините од наплатените давачки во централниот буџет, зголемување на сопствените приходи на општини и формирање фондови кои ќе го поддржуваат добриот перформанс.

Планирано е постепено зголемување на процентот кој го добиваат општините од приходите од персонален данок на доход, наплатен од физичките лица пријавени со постојано живеалиште и престојувалиште во општината.

Исто така, постепено ќе се зголемува и стапката на дотација од наплатениот ДДВ, согласно перформансот на општините. Имено, планирано е формирање на два фонда – Фонд за перформанси и Фонд за воедначување. Општините кои покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување ќе се обезбедат средства за општините кои имаат пониски приходи, но истите покажуваат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

Во соопштението се додава дека ќе се дејствува и кон зголемување на сопствените приходи на општините и кон изнаоѓање нови локални приходи според добрите практики од ЕУ и подобрување на критериумите за распределба на доделените средства за пренесените надлежности во областа на основното и средното образование, култура, детска заштита и заштита на стари лица и противпожарна заштита.

Вториот столб кој, како штп наведуваат, е во насока на зголемување на финансиска дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, предвидува активости во насока на мерки за реално планирање на приходите и расходите на општините, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на долговите, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување на финансиска нестабилност, издавање општинска обврзница и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија.

Во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста – ќе се зголеми контролата од страна на државата, особено на Финансиската инспекција во поглед на Законот за пријавување и евиденција на обврските и пријави за непочитување за Законот за финансиска дисциплина, ќе се носат мерки за зголемување на транспаретноста на општините преку објавување финансиските извештаи на транспаретен и разбирлив начин, а ќе се дејствува и кон поголема отчетност за користење на буџетските средства.

Еден од приоритетите во Програмата на Владата на Република Северна Македонија 2020-2024, истакнуваат од Министерството за финансии, е продолжување на процесот на децентрализација, во насока на повисока демократизација, подобри јавни услуги и засилен локален развој. Целта е надлежностите да се пренесат на нивото на управување кое е најблиско до граѓаните. Во наредниот период ќе се продолжи со политиките за развој на општините, односно фискална децентрализација и рамномерен регионален развој, со цел зајакнување на финансиските извори на општините, но воедно и зголемување на одговорноста и транспарентноста на нивното работење.

извор: МИА

Next Post

Дерала во „Утрински брифинг“: Одредени политички структури и инсталации имаат неславен пад, затоа очекувам жестоката пропаганда да продолжи

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk