ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЗЗПР: Се кршат препораките за заштита на здравјето на вработените во државната управа

March 17, 2021 11:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на заразени од пандемијата со коронавирусот секојдневно е во пораст, но и покрај ваквите статистички параметри, државните институции не ја почитуваат одлуката на Владата за организација на работните процеси со цел обезбедување работни услови во кои ќе биде заштитено здравјето на вработените, соопшти Здружението за заштита на правата на работниците (ЗЗПР).

Здружението тоа го заклучило врз основа на зголемен број пријави од вработени во државната управа за несоодветни услови за работи, групирање во мал работен простор и необезбедување заштитна опрема.

-Сите овие услови се спротивни на препораките за заштита на здравјето и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Информациите говорат дека секојдневно расте бројот на позитивни случаи во државната управа. Ова се должи не грубото непостапување согласно со здравствените прописи од страна на носителите на јавни функции, наведува Здружението.

Ги повикува сите носители на јавни функции, именувани и избрани директори итно да преземат мерки за заштита на здравјето на вработените во организациите/институциите со кои раководат, потсетувајќи дека непостапувањето по оваа одлука на Владата е свесно загрозување на здравјето на граѓаните и кршење на законите, здравствените прописи и протоколи и тоа повлекува материјална и кривична одговорност.

– Ги повикуваме сите вработени преку синдикалните организации, но и индивидуално, да ги искористат механизмите кои се ставени на располагање во насока на обезбедување на нивните здравствени и работничи права. Апелираме до Инспекцискиот совет, односно до Државниот пазарен инспекторат, да излезе на терен и да утврди кршење на здравствените прописи и одлуки и да донесе соодветни мерки со кои ќе се санкционираат функционерите кои постапуваат спротивно на здравствените прописи, а министерот Венко Филипче да формира работна комисија која во соработка со инспекторатот ќе ја контролира работата на државните институции и почитувањето на препораките и одлуките, наведува Здружението за заштита на работничките права.

извор: МИА

Next Post

ЦИВИЛ со дебата во Гевгелија: Пописот е статистика, а не политика

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk