На неколку портали и Фејбук групи се шири ЛАЖНА ВЕСТ дека Џабир Дерала од Цивил има ковид 19. На фејсбук групата „Не отварам врата’, пишува „провладиниот невладин исп**** од Цивил Џабе Се Дерала скоро 2 месеци си прави карвани низ цела Македонија собира народ и шири Корона по луѓе за да ги убедува дека попис во сред трет бран пандемија е многу добра работа“.
Оваа објава освен што е лажна вест, содржи навреди и говор на омраза.
На Фејсбук се огласи Дерала и ги демантираше лажните вести.
„Од почетокот на ковид кризата бев четири пати во изолација, а се тестирав точно пет пати. За голема жал на пропагандистите, можам да соопштам дека НА СИТЕ ТЕСТОВИ СУМ НЕГАТИВЕН .
Антитела: НУЛА, што значи дека не сум го ни прележал ковидот.
А вистина е дека се сретнав со повеќе од 2.000 луѓе за една година, посетив преку 40 населени места, учествував на огромен број настани. Цело време, здрав како дрен.
Како заклучија пропагандистите дека сум бил позитивен, навистина не знам. Мојот твит утринава се однесуваше на „брзината“ на поштата, а не на мојата здравствена состојба – фала на прашање, добар сум.
Неписмени се или само бескрајно злобни? Или и двете?“, објави Дерала на својот Фејсбук профил.