ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Партиското „гласило“ на Левица, со две лажни вести во три дена

Се зема таргетирана вест, се фабрикува, се пакува како дезинформација и потоа се шири на социјалните мрежи. Често во таа контаминирана „сеидба“ на дезинформацијата помагаат платени или изманипулирани „влијателни ликови“ од социјалните мрежи. Кругот на пропагандата се затвора со наменски креирани Фејсбук групи преку кои се шират лажните вести.

March 19, 2021 13:01
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter
Партиското „гласило“ на Левица, шири лажни вести и дезинформации. Само во изминативе три дена, забележани се две лажни вести поставени на порталот. Двете лажни вести се експресно демантирани и разобличени, но (во моментот на пишување на овој текст) сè уште не се тргнати од порталот.

Снимка од екран од порталот Антропол

„Цивил шират кампања за попис додека Дерала е позитивен од ковид-19“, е насловот на написот на порталот, преку кој се пласира лажна вест, се дезинформира јавноста, се нарушува угледот на личноста и се шири паника.  Потоа таа лажна вест се пренесува на социјалните мрежи и се „надградува“ со експлицитен говор на омраза и клевети.

На фејсбук групата „Не отварам врата“, пишува „провладиниот невладин исп**** од Цивил Џабе Се Дерала скоро 2 месеци си прави карвани низ цела Македонија собира народ и шири Корона по луѓе за да ги убедува дека попис во сред трет бран пандемија е многу добра работа“. Објавата освен што е лажна вест, содржи навреди и говор на омраза.

Оваа дезинформација, експресно беше демантирана од Дерала:

„Од почетокот на ковид кризата бев четири пати во изолација, а се тестирав точно пет пати. За голема жал на пропагандистите, можам да соопштам дека НА СИТЕ ТЕСТОВИ СУМ НЕГАТИВЕН .

Антитела: НУЛА, што значи дека не сум го ни прележал ковидот.

А вистина е дека се сретнав со повеќе од 2.000 луѓе за една година, посетив преку 40 населени места, учествував на огромен број настани. Цело време, здрав како дрен .

Како заклучија пропагандистите дека сум бил позитивен, навистина не знам. Мојот твит утринава се однесуваше на „брзината“ на поштата, а не на мојата здравствена состојба – фала на прашање, добар сум .

Неписмени се или само бескрајно злобни? Или и двете?“, објави Џабир Дерала на својот Фејсбук профил.

Втората дезинформација пласирана од истиот портал ја манипулира јавноста дека на пописот во Швајцарија, Mакедонците можат да се попишат како северномакедонци, а не како Македонци.

Снимка од екран од порталот Антропол

Доколку се провери на германски што значи напишаното, ќе сфатите дека ова е дезинформација и извртување на вистината, пишува Вистиномер.мк во својата анализа.

Во написот на Антропол, се манипулира со германскиот збор Nordmazedonien, каде дезинформираат дека тоа се однесува за етничката припадност.

Германски јазик зборот Nordmazedonien не се однесува на етничката припадност, туку се однесува на името на нашата држава, Северна Македонија. Според тоа, лажно е тврдењето дека на пописот во Швајцарија Македонците се нарекуваат северномакедонци. Текстот на портолато намерно ја користи ваквата дезинформација за да ја манипулира јавноста и за политички да поентира. И на официјалната веб страна на германското министерство за надворешни работи, Република Северна Македонија е именувана како Republik Nordmazedonien. Ако станува збор за „северномакедонци“, тогаш на германски би пишувало „Nordmazedonier“, „Nordmakedonier“, „Nordmazedone“ или „Nordmakedone“, потсетуваат од Вистиномер.мк. Во анализата упатуваат и на германската Википедија, каде за етничката група пишува Mazedonier, а не Nordmazedonier..

Што ни покажуваат ови две наменско пласирани дезинформации?

Се зема таргетирана вест, се фабрикува, се пакува како дезинформација и потоа се шири на социјалните мрежи. Често во таа контаминирана „сеидба“ на дезинформацијата помагаат платени или изманипулирани „влијателни ликови“ од социјалните мрежи. Кругот на пропагандата се затвора со наменски креирани Фејсбук групи преку кои се шират лажните вести.

Карактеристично за овој „производствен процес“ е што сетоа тоа е поткрепено со неизбежен говор на омраза и дисквалификации кон целната група или поединецот што се цел на овие лажни вести.

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

Почина новинарката Валентина Базерко

July 6, 2025

Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ на седница на ИК ќе утврдува нови кандидати за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk