ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Белград оро кај споменикот на Стефан Немања, спротивно на епидемиолошките мерки

March 21, 2021 16:35
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Во Белград на Савскиот плоштад кај споменикот на Стефан Немања синоќа голема група луѓе играа оро, што е спротивно на анти-епидемиолошките мерки, јави допсиникот на МИА од Белград.

Видеото, кое се појави на социјалните мрежи, прикажува граѓани во близина на споменикот на Стефан Немања, како го играат Ужичкото оро.

Растојанието не се почитуваше, а собраните не носеа ниту маски, носеа српски знамиња, а се гледаат и голем број луѓе кои ги снимаат оние што играат оро.

Претходно, неколку стотици луѓе се собраа на Плоштадот на републиката, во знак на протест против новите мерки донесени од Владата на Србија поради големиот број заразени со коронавирусот. Собирот, најавен преку социјалните мрежи, беше наречен „протест против глобализмот и корона диктатурата“.

Собраните претежно не носеа заштитни маски и извикуваа пароли: „Не сакаме мигранти“, „Не ги даваме светилиштата“, „Да живее слободата“, „Уа кризниот штаб“!

Денеска со реакција се јавија повеќе медицински работници.

– Што да кажам со слободни зборови – ние во Брзата помош и сите други лекари изгинавме. Јас сум малку резигниран за она што се случува во нашата земја. Ние сме надвор на теренот и гледаме што се случува во градот. Искрено, ова играње оро, терањето инает и шеги не знам за што служи, изјави Д-р Александар Стијачиќ од Брзата помош во Белград.

Тој додаде дека овие луѓе требаше да дојдат синоќа на Инфективната клиника за да видат како само изгледа, сцените потсетуваат на оние од партизанските филмови – трагедија е тоа како изгледа.

– Луѓе таму чекаат на ред, многу болни, имавме 140 или 150 повици,сите сме во скафандери, сите клиники во Белград се во ковид системот, освен Ургентниот центар и Воено-медицинската академија, возиме пациенти низ Србија, рече Стијачиќ.

Професор д-р Радмило Јанковиќ, заменик директор на Клиничкиот центар во Ниш, побара од државата да ги преземе работите во свои раце.

– Повторно еден апел. Ова однесување е целосно неприфатливо. Можете да замислите здравствени работници кога гледаат такво однесување. Во меѓувреме, беше неприфатливо да се одржат концерти. Вчера видовте сцени кои навистина не ни служат на честа како општество. Ако дојдовме до тоа да не проучуваат за неколку години во учебниците за епидемиологија како нешто што не треба да се прави, тоа се случи синоќа пред старата железничка станица. Ова е руски рулет кој луѓето го играат со своето здравје, изјави Јанковиќ.

Next Post
Бранко Тричковски

Припадноста против правноста и моралноста

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Во Претседателството на БиХ нема поддршка за предлогот Трамп да добие номинација за Нобелова награда за мир

August 25, 2025

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk