ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Правиме регионални напори да обезбедиме непречен транспорт низ Коридорот 10

March 25, 2021 12:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Ковид кризата уште повеќе ја истакна потребата за интегриран транспорт во насока на обезбедување на непречен проток на храна и медицинска опрема. Правиме регионални напори да обезбедиме непречен транспорт низ Коридорот 10, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на онлајн состанокот на министрите за транспорт во рамките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа.

Бочварски се обрати на состанокот, организиран на покана на министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, на кој присутвуваа и министрите за транспорт од Црна Гора, Србија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Грција, Молдавија и Босна и Херцеговина.

Се разговараше за соочување и надминување на негативните последици од Ковид пандемијата во делот на транспортот на стока. Усвоена е Декларација во која се истакнува важноста на регионалната соработка на земјите од регионот на Југоисточна Европа, за непречено одвивање на транспортот по транс европските транспортни мрежи.

Како што рече Бочварски, 2020 беше година на предизвици од сите аспекти, особено во областа на транспортот, а главните активности што се преземаа беа во насока да овозможат непречен транспорт на стока.

– Концептот „Зелена лента“ промовиран во регионот на Западен Балкан за време на здравственета криза како привремен брз одговор на тековната вонредна состојба може да постане пример за поефикасен и економичен систем за прекуграничните активности меѓу земјите. Податоците покажуваат дека приближно 80 проценти од транспортерите што ги користат гранични премини на ЦЕФТА ги користат зелените коридори, а 20 проценти од нив што превезуваат материјални добра имаат корист од приоритетното поминување, рече Бочварски.

Заедно со регионалните организации, потенцираше министерот, се прават  напори за обезбедување непречен транспорт долж Коридорот 10.

– Сите министри се согласија дека регионална соработка е од исклучително значење за преземање на синхронизирани активности во насока на намалување на севкупното негативно влијание врз транспортот и обезбедување на непречен проток на стока, информира Министерството за транспорт и врски.

извор: МИА

Next Post

Шахпаска: Престојот на децата во градинките е безбеден

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk