ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Шахпаска: Престојот на децата во градинките е безбеден

March 25, 2021 12:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Има благ пораст на нови позитивни случаи во градинките, меѓутоа имајќи го предвид фактот што од 13 600 деца присутни во градинките, пресекот до минатиот петок беше дека само 19 дечиња се позитивни, говори за тоа дека престојот на децата во градинките се уште е безбеден, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, при посетата на новиот Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост при Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и млади во скопската населба Топанско Поле.

Министерката нагласи дека тоа што нема ширење на инфекцијата меѓу децата во градинките говори дека се почитуваат протоколите.

– Работењето во градинките е организирано според строго воспоставени правила коишто ги пропишува протоколот. Значи кога ги испраќате децата во градинките првата и основната работа е да се заштити нивното нивното здравје, нивната безбедност додека престојуваат во градинките и тоа што нема ширење на инфекцијата меѓу децата во градинките говори дека се почитуваат протоколите. Меѓутоа секако дека и стручната работа со децата е значајна и оттука и начинот на кој што ќе се менаџира овој процес, со индивидуалната работа, со носење на заштитна опрема од страна на логопедите, психолозите, педагозите и останатите компетентни работници, се менаџира на локално ниво во секоја градинка поединечно, наведе Шахпаска.

Таа истакна дека пресекот, односно конечниот извештај за оваа недела за епидемиолошката состојба во градинките ќе биде изготвен утре.

– Сакам да истакна дека не сме го достигнале пикот којшто го имавме во претходниот бран којшто беше пред зимата, рече Шахпаска.

Таа посочи дека вработените ги почитуваат протоколите и затоа, како што рече, следејќи ја епидемиолошката состојба заедно со најкомпетентните, Комисијата за заразни болести ќе носи одлуки понатаму како ќе се одвиваат работите.

Таа додаде дека според извештајот од минатата недела, во градинките има 53 вработени кои се заразени од Ковид-19.

извор: МИА

Next Post

„Бојкотирачите“ на пописот се закануваат со кучиња, институциите да регираат

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk