ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Дерала по повод 20-годишнината на „Рок за мир“: Горд сум што сум ЦИВИЛ

March 25, 2021 19:12
in ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа точно 20 години од одржувањето на манифестацијата „Рок за мир“ на 24 март 2001 година во организација на ЦИВИЛ, а во партнерство со Пакс Кристи Холандија, Нансен дијалог центар и други. ЦИВИЛ беше првата организација во земјата која од првиот ден на оружениот судир во земјата апелираше за мир и помирување и даде огромен придонес кон мировните напори и надминување на етнички мотивираното насилство.

„Кога помислувам на тој датум, прво што помислувам е дека сум горд. Tоа беше еден мал убав историски настан. Тој мал настан всушност беше голем, за само неколку часа се собраа бендовиte на сцената на МКЦ таа вечер, во воената 2001-ва година. На сцената настапија девет најпознати македонски рок и поп состави, како Архангел, Бла-Бла-Бла…, Санаториум, Суперхикс, Нон Стоп, ЛП, Гаро и Парамециум, Ласт Експедишн и Мозаик, како и норвешкиот бенд Кине… На тој мировен концерт побаравме мир и помирување на сите во нашата земја. И ден-денес сум горд на тоа, горд сум што сум ЦИВИЛ и што ги застапувам истите вредности и сега, а така ќе биде и во иднина“, вели Дерала.

Тој се потсети дека таа ноќ се собраа неколку илјади луѓе кои заедно со рок бендовите. Тие упатија заедничка порака за мир дека не сакаат војна. Но за жал, гласот на мировните активистки и активисти и гласот на рокенролот не беше слушнат, војната продолжи до август, кога беше потпишан мировниот договор.

„Организацијата остана доследна на своите позиции во застапување и промоција на ненасилството и мирот, одбраната на човековите права и слободи, слободата и еднаквоста за која секој ден се залагаме“ – вели Дерала.

„Голем е бројот луѓето кои ги почитуваат другите, различните од нив и кои сакаат мир, развој за својата земја и за сите околу. Среќен сум што сум дел од ЦИВИЛ и што од ден на ден стануваме сè побројни. Пораката за мир е секојдневна реалност за нас и за сите добри и мирољубиви луѓе во светот. Многу сум горд што сум ЦИВИЛ и што бев дел од тој мировен настан пред точно 20 години и ќе останеме на тој пат, бидејќи тоа е патот на мирот, почитувањето на различностите, почитувањето на човековите права и слободи“, вели Дерала.

Организацијата го одбележа јубилејот скромни и работно, со пораката: „Нека им е честит јубилејот на сите учесници во овој голем и важен настан и на сите поддржувачи на мирот во нашата земја“.

ЦИВИЛ

Next Post
Унија на жените на ВМРО протестираат, март 2021

Симовски: Не може ВМРО ДПМНЕ да глуми загриженост за здравјето, а Унијата на жени групно да парадира на фотографии

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk