ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во прилепските училишта наставата се одвива без застој, заболените наставници се трудат он-лајн да ги завршат наставните програми

March 25, 2021 14:24
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во прилепските основни и средни училишта наставата се одвива без застој. Во 10-те основни и во 5-те средни прилепски училишта не е нарушен континуитетот и очекуваат дека наставната програма ќе ја завршат до крајот на учебната година. Нема застој и поради настојувањата на заболените наставници да ја одржуваат наставата преку он-лајн предавањата, посебно оние што држеа часови со физичко присуство. Засилена е внимателноста посебно овој период на голем ковид-бран, особено во Прилеп.

Според Каролина Николоска, советник за образование при прилепската локална самоуправа, образовниот процес се одвива континуирано. Посебна е заложбата на заразените наставници кои што се чувствуваат способни да ги држат он-лајн часовите.

-Во Прилеп, 2 340 ученици посетуваат настава со физичко присуство, од нив 622-јца се во руралните средини, а 8000 ученици имаат он-лајн настава. Во моментов позитивни се 32-јца наставници и само 24 ученици. Од заболените наставници, 8 се кои имаа часови со физичко присуство, а сега се трудат и ги одржуваат он-лајн, вели Николоска.

Билјана Дукоска, педагог во прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ вели дека иако децата се од нижите одделенија, од трето, се привикнуваат на он-лајн наставата поради ситуацијата, а помагаат сесрдно и родителите. Тешко е, ама има волја.

– Имаме неколку наставници позитивни и во изолација, а и одделенија. Наставниците се трудат, обучени се да ги продолжат часовите он-лајн. И децата, станува збр за третоодделенци, поголеми се, полека се вклопуваат и наставата продолжува без застој. Многу се битни залагањата на наставниците и на ваков начин да не дозволат дисконтинуитет на наставата, а и помошта на родителите е повеќе од добредојдена. Мислам дека нема да има проблем со реализацијата на програмата до крајот на учебната година, вели педагогот Дукоска.

И во гимназијата „Мирче Ацев“, иако наставата е он-лајн, голема е заложбата на професорите да продолжат со наставата.

– Имавме 3-4 професори позитивни. Во 90 насто од случаите се со лесни симптоми, се согласија да ја одржуваат он-лајн наставата. Мора да им заблагодрам на заложбите, на нивната совесност и во таква ситуација да ги извршуваат своите обврски. Имаше само два-три дена застој кога нивните симптоми беа во потешка фаза, но часовите се надоместија. Имавме тројца ученици позитивни, кај двајца со лесни симптоми немаше проблем да ја продолжат он-лајн наставата, а еден ученик потоа се вклучи и нема проблеми, објаснува директорот на прилепската гимназија, Диме Настески.

Во училиштата се уверени дека ќе се реализира целата наставна пограма до крајот на учебната година и во оваа тешка ковид-ситуација.

извор: МИА

Next Post

Собранието продолжи со работа, ја отвори 36. седница

НАЈНОВО

(ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk