ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Симовски: Пописот ќе се спроведе, ако има бојкот тогаш и понатаму ќе тонеме во калта

March 26, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Пописот ќе се спроведе. Овие дезинформации кои ги слушате се токму од овие центри кои пред малку ги набројав. Никој никому не рекол дека пописот ќе биде одложен, ниту имал таква намера. Ова денеска на прес-конференција го соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој појасни дека денеска рано наутро требало да почне задолжувањето со лаптопи, а лицата кои се избрани за попишувачи биле замолени да почекаат бидејќи, како што рече, има одреден ситен технички проблем кој треба да се реши и дека ќе добијат информација кога да дојдат во текот на денот да се задолжат со компјутерите.

– Ниту било кој смеел, ниту можел да каже дека пописот е одложен и заради тоа нема да ги добијат компјутерите. Ова се лажни вести и за жал уште еден обид на овие деструктивни сили да делуваат особено кај оваа категорија која треба да го спроведе пописот за да не земат учество во него, нагласи Симовски.

Прашан за оние кои повикуваат на бојкот на пописот, Симовски рече дека нивна законска обврска е и ќе ги пријават сите лица кои повикуваат на бојкот.

– Законските мерки можат да ги преземаат само овластените институции за такво нешто. Ние не сме ни Обвинителство, не сме ни суд, рече Симовски, додавајќи дека повикувањето на бојкот е кривично дело, согласно одредени закони, ако има основа за тоа. Посочи дека нивната цел не е воопшто да се казнува, туку да се соберат податоци, информации од сите.

На новинарско прашање што ако има масовен бојкот, Симовски апелираше граѓаните да не подлегнуваат на повикот за бојкот.

– Ако има бојкот, ако е тој масовен бојкот, тогаш и понатаму ќе тонеме во калта и се подлабоко и подлабоко. Единствената земја во светот сме што цели 20 години не спровела попис. Ако сакаме овој период да го продолжиме и понатаму и да тонеме подлабоко од оваа состојба во којашто сме сега, тогаш нека повелат сите и нека бојкотораат, рече Симовски.

Тој смета дека треба да се прашаат економските субјекти до каде може да тонеме без податоци од попис, како и сите заинтерсирани инвеститори дали воопшто ќе размислуваат да инвестираат во оваа држава.

– Да, болеста зема голем замав, ама ако падне и економијата уште повеќе од ова што паѓа поради пандемијата, нема да можеме да се прехраниме, рече Симовски. Според него, инвестирањето во нашето опкружување и кај нас во голем дел се должи и на немање податоци од попис, како податоци за работна сила…

На 1 април почнува пописот на населението, домаќинствата и становите за резидентното население, а ќе трае до 21 април. Во тек е пописот на дијаспората, односно на нерезидентните граѓани. Заклучно со денес до 8 часот вкупно се самопопишани 148. 719 лица од дијаспората.

извор: МИА

Next Post

Пендаровски – Бурк: Северна Македонија е доверлив и стратешки сојузник на НАТО

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk