ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев очекува следната недела да почне примената на законите за помош на стопанството

March 26, 2021 11:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев верува дека  по вчерашниот договор помеѓу пратениците во Собранието, законите од петтиот пакет економски мерки во наредните денови ќе  бидат изгласани и од наредната недела ќе почне нивната примена.

-Одлуките се донесоа, комисиите веќе работат, денеска, утре, задутре, заради тоа што законите се по скратена постапка и верувам дека во наредните денови веќе Парламентот ќе ги изгласа. Се работи за закони од петтиот пакет мерки. Компаниите ги поднесоа обрасците за плати, секако труд и социјални работи и УЈП веќе ги имаат категорите кои треба да добијат 6.000 денари поддршка од оние кои не добија претходниот пат, и сите други мерки, вкупно беа 30-ина коишто се предвидени од петтиот пакет. Дел се веќе реализирани, но тие кои чекаат на новите законски решенија очекувам наредната недела да почнат со практична примена, изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Делчево.

Уште еднаш го поздрави прагматичниот чекор на Парламентот за законите од петтиот пакет мерки затоа што, потенцираше, само така потврдуваме дека постоиме да им служиме на граѓаните.

Во собраниските матични комисии и на Законодавно правната комисија треба да поминат Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од корона-кризата заради исплата на платите за февруари и март 2021 година, Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 за месеците февруари и март 2021 година и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на личен доход.

Тие се дел од петтиот пакет кој содржи 30 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони евра се со директни фискални импликации.

Предвидената финансиска поддршка на плати за вработените за месеците февруари и март 2021 година, е во износ од 1,9 милијарди денари со опфат од околу 60 000 работници месечно. Финансиската поддршка ќе биде скалеста, во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, за да се поддржат работните места во домашните компании во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година.

извор: МИА

Next Post

Заев: Можен е договор со Мицкоски за користење отпечаток од прст на изборите и вакцинирање на попишувачите

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk