ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Заев: Остануваме посветени кон ЕУ и на градење пријателства, масовна вакцинација почнува од среда, вели Филипче, граѓаните вакцинирани во Србија, ќе имаат можност за ревакцинација кај нас

March 27, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваме 100-процентно посветени кон ЕУ и на градењето пријателства, низ политиките на дијалог, добрососедство и разбирање, како и на домашните реформски процеси, во насока на заслужените придвижувања на Северна Македонија на полето на евроинтеграциите, по успешното членство во НАТО, а при тоа зачувувајќи го дигнитетот на македонскиот јазик и македонскиот народ, рече Премиерот на денешниот состанок со амбасадорите.

Успешното спроведување на пописот е од државно значење, бидејќи е клучно во креирањето ефикасни јавни политики за потребите на граѓаните и за развојот на државата, вели Премиерот.

Претседателката Фон Дер Лајен ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од Ковид-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија, информира Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче верува дека по пристигнувањето на првите вакцини преку Ковакс системот најавени за утре, в среда ќе почне масовната имунизација на населението. Дополнителна рестрикција, како што рече, нема да даде резултати затоа што веќе вирусот е широко распространет.

Филипче, го поздрави пријателскиот гест на Република Србија за чинот на солидарност што овозможи граѓани од нашата земја, како и  соседните земји Босна, Црна Гора, Хрватска викендов да се вакцинираат во Србија. Вакцинираните граѓани во Србија, ќе имаат можност за ревакцинација кај нас.

Северна Македонија ја прави Алијаната посилна, а САД се гордеат што ве имаат за сојузник. Со нетрпение очекувам уште многу години соработка и успех меѓу Северна МАкедонија, САД и НАТО. Ова денеска преку видео-порака го изјави вршителот на должност потсекретарка за одбрана на САД за политика Аманда Дори.

Директорот на српската владина Канцеларија за е-Управа, Михаило Јовановиќ, која е надлежна за примање барања и одредување на термини за вакцинација во Србија, ги повика граѓаните на соседните земји, меѓу кои е и Северна Македонија, кои немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани.

Во моментов, 321 брод чекаат да го преминат Суецкиот Канал. Продолжуваат операциите за ослободување на бродот долг 400 метри,  кој од вторникот го блокира бродскиот сообраќај.

М. Миткоска

Next Post

Дојче веле: ЕУ не може да одлучи дали ќе живее по летно или зимско сметање на времето

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk