Самостојниот синдикат за образование и наука со писмо до министерствата за труд, образование и култура бара вработените во детските градинки, образованиe и култура да бидат стваени на приоритетна листа за вакцинирање.
Според СОНК во време на пандемија и работа со физичко присуство и непосреден контакт со луѓе потребно е да имаат предност во вакцинирањето заради важноста на дејностите во коишто работат.
Со тоа би се намалил ризикот од заболувања, а би се обезбедило и институциите да работат непречено.