„Истовремено, ќе известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји.
Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени“.
Европратеникот Ангел Џамбаски објави скандалозен спот на својот Фејсбук профил каде ги промовира соновите за Голема Бугарија, поткрепени од Санстефанскиот договор.
Според него, не може да се живее во 21. век без да се признае 20. век.
– Колку повеќе лажете, толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистeрично ја мразите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај, вели Џамбаски.
Tој во спотот вели дека Македонија е бугарска.