Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека минатата година за време на илегалната миграција од Северна Африка кон Канарските острови, на истокот на Шпанија, загинале 850 лица.
Во соопштението на ИОМ се истакнува дека бројот на загинати мигранти на оваа поморска рута во 2020 година се зголемил за 40 проценти во споредба со претходната година, пренесува агенцијата Анадолија.
Во извештајот на ИОМ за 2020 година се наведува дека во текот на годината на канарските острови од Северна Африка пристигнале 23.023 илегални мигранти.
Забележано е дека најголемиот број мигранти е забележан во текот на 2006 година, кога на Канарските острови пристигнале 31.678 илегални мигранти и дека 2020 година е на второ место според бројот на миграции.
Во извештајот се посочува дека бројот на мртви, за кој е утврдено дека е 850, не го вклучува бројот на мртвите од петте чамци за кои невладините организации тврдат дека се потонати.
Најголем број загинати (472) е забележан во периодот од септември до ноември 2020 година, при потонување на бродови во близина на бреговите на Мароко, Сенегал и Мавританија.
Миграциите од Северна Африка кон Канарските острови продолжија и во 2021 година. Локалните власти соопштија дека во изминатите 48 часа биле спасени над 300 илегални мигранти кои пристигнале на островот со седум чамци.
извор: МИА