ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Се предвидува родова еднаквост во светот по 135 години

March 31, 2021 10:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата на коронавирусот избриша години напредок кон еднаквост меѓу мажите и жените. Кризата додаде децении на траекторијата на затворање на родовиот јаз, се наведува во извештај на Светскиот економски форум.

Неколку студии покажуваат дека пандемијата на коронавирусот диспропорционално влијаела на жените повеќе отколку на мажите на пазарот на трудот. Одделно, жените зедоа поголем товар во воспитувањето на децата поради затворените училишта и градинки.

Последиците ќе се почувствуваат на долг рок, според годишниот извештај за родовата еднаквост. Откриено е дека постигнувањето на целите на еднаквост е уште подалеку.

Пред избивањето на пандемијата, Светскиот економски форум објави извештај во декември 2019 година, кој покажа дека родовата еднаквост во голем број области може да се постигне до 99,5 години. Но, годинешниот извештај вели дека светот нема да постигне рамноправност на половите во следните 135,6 години.

Организацијата со седиште во Женева годишно ги следи родовите разлики во 156 земји во четири области: образование, здравство, економски можности и политичко зајакнување.

Жените постепено го затвораат јазот во области како што се здравството и образованието. Но, нееднаквоста на работното место, која одамна е најпроблематична област, ќе опстане уште 267,6 години.

Светскиот економски форум цитира студија на Меѓународната организација на трудот според која жените имаат поголема веројатност да останат без работа за време на кризата, делумно затоа што тие се диспропорционално застапени од сектори директно погодени од блокадите.

Други студии покажуваат дека жените имаат поголем товар поради зголемената домашна работа и грижата за децата за време на блокадите, што доведува до зголемен стрес и пониски нивоа на продуктивност.

Жените, исто така, се вработуваат со побавно темпо од мажите додека се создаваат работни места.

Во политичката сфера, родовата нееднаквост се шири во неколку големи земји.

Жените се уште имаат околу една четвртина од парламентарните места во светот и само 22,6 отсто од министерските места. Со сегашната траекторија, не се очекува јазот да се затвори целосно во следните 145,5 години. Ова претставува пораст од 50 отсто од проценетите 95 години во претходниот извештај.

Напредокот во различни категории варира од земја до земја и регион до регион.

Ако земјите од Западна Европа можат да го затворат јазот за 52,1 години, на земјите од Блискиот Исток и Северна Африка ќе им требаат 142,4 години.

Општо земено, скандинавските земји повторно доминираат. Највисока еднаквост меѓу мажите и жените има во Исланд (12-та година по ред), следуваат Финска и Норвешка. Нов Зеланд е на четвртото место, пред Шведска.

извор: МИА

Next Post
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Во македонскиот политички вигвам

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk