Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и од април 2021 година ќе изнесува 22,146 денари бруто или 15,194 денари нето, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по денешната седница на Економско социјалниот совет (ЕСС).
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека на денешната седница на Економско – социјалниот совет (ЕСС), прв пат, за потребата од усогласување на минималната плата, работодавачите и Владата со осум наспроти четири гласа ги надгласаа работниците за висината на износот на усогласување на минималната плата согласно Законот која се усогласува врз основа на една третина од порастот на просечно исплатената плата.
Во извештајот на Стејт Департментот се препознаени напорите на владата, имаме пофалба дека имаме поголема почит кон независното судство. За другото што е наведено во извештајот како недостаток работиме периодов, и за повеќе пари и за ресурси и на обвинителите и на судиите.
Работа на Државната изборна комисија (ДИК) ќе биде да го спроведува овој процес со отпечатокот на прст. По препорака на странските експерти, оние кои ја помагаат ДИК, дојдовме до конкретизација, сега имаме спецификација на процесот од почеток до крај, како тоа ќе функционира.
Се утврди каде лесно може да се постигне договор во врска со државјанствата, има уште малку недоречени работи, се согласивме денеска на состанокот дека треба да имаме предвидлив и проверлив начин за верификација за дали некој исполнува услови за државјанство.
Левица гласаше против да се именуваат улици во Скопје по: Стив Наумов, Славко Јаневски, Блаже Конески, Салвадор Аљенде…
Претседателот на Владата Зоран Заев, оствари средба со делегација на Сојузот на турски невладини организации – МАТУСИТЕБ, предводена од претседателот на Сојузот, Хустрев Емин, придружуван од Тахсин Ибрахим и проф. д-р. Сулејман Баки, на која се дискутираше за пописот на населението, домаќинствата и становите, активностите поврзани со негова реализација, како и важноста на правичната застапеност.
Изразуваме длабока загриженост во врска со видеото на европратеникот, во кое се изразуваат територијални претензии кон Северна Македонија од страна на партија во бугарската Влада и со кое се покажува отворено непочитување кон европските вредности, единствено поради некаков бенефит во политичка кампања.
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека засега не идентификувала фактори на ризик како што се возраст, пол или претходна историја на згрутчување на крвта во случаите на згрутчување на крвта пријавени по имунизација со вакцината на АстраЗенека против Ковид-19.