ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Дивеењето на навивачи во Шкотска, претставено како „крај на лажната пандемија“

March 31, 2021 19:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Рецензираме пост на Фејсбук кој е споделен во група „Вистината на дело“, со следниот опис:

Шкотска.

Доста е од лажната пандемија

Под постот се наоѓа видео материјал на кој се гледа голема група на луѓе кои се движат на улица и скандираат нешто. Само од вака објавеното видео, без да се каже за што се однесува ваквиот собир, се добива впечаток дека граѓаните решиле да ги бојкотираат мерките за заштита од коронавирусот. Освен тоа, пандемијата се нарекува лажна, што не е вистина. Во Шкотска се регистрирани 207 илјади случаи на коронавирусот и 7.461 починато лице.

Но, собирите во Шкотска, кои се случиле на 7 март годинава, немаат никаква врска со пандемијата од коронавирусот. Станува збор за собири и прослави на навивачи и поддржувачи на Ренџерите, фудбалски тим кој е прв во премиер лигата на Шкотска.

Шкотската влада остро ги осуди собирите од страна на Рејџерите, односно навивачката група и најави дека пред следните натпревари ќе осигура некои построги мерки за да се спречи повторно вакви собири да се случуваат.

Владиниот претставник Џон Свини, еден ден после овие органиизрани собири во Шкотска, како што може да се види од видео материјалот во продолжение, ги нарече истите срамни, а владата упати остри и тешки зборови за фудбалските фанови кои решиле да прославуваат на ваков начин, без почитување на мерките за заштита, без маска, без дистанца. (Изјавата на Свини може да се види од 27 секунда на видеото во продолжение).

Тој вели дека ваквите собири се срам и непочитување на сите кои се придржуваат на правилата и не се среќавале со семејството и пријателите, мерки кои овозможиле бројките да бидат под контрола во Шкотска.

Меѓутоа, во описот на споделеното видео, само се вели дека пандемијата е лажна и на начин што не се објаснува дека споменатите собири се осудени од владата, претставува грубо кршење на мерките кои се на сила во Шкотска, се прави претставување на настанот во лажен манипулативен контекст!

Пандмија има, владата на Шкотска ги осудува овие собири, ги оценува како срамни и го осудува и фактот што фудбалскиот клуб пропуштил да им се обрати на своите поддржувачи да се воздржат од масовни прослави, какви што, впрочем, се одржаа. Полицијата уапсила 28 лица, а парично казнила седуммина. Причините за апсењата вклучуваат напад врз полициски службеници, прекршување на правилата за заштита од коронавирусот, нереди и немири, употреба на пиротехнички материјал и нарушување на јавниот ред и мир.

Дел од граѓаните на Глазгов, се разочарани и затоа што во овие славења биле уништени  меморијални споменици на починати граѓани на Глазгов..

Доктор Џорџ Смит, рекол дека благодарение на овие нереди ќе следат лавина инфекции.

Мислам дека има голем и реален ризик дека ќе видиме скок во инфекциите наредниот период, како резултат на овие сцени што се случија викендов.

Постот што го рецензираме е со пропуштен контекст, односно, иако настанот на видеото навистина се случил, во оваа објава на Фејсбук тој е претставен погрешно, како прогласување на крај на некаква лажна пандемија. Иако, во Шкотска има официјални мерки за заштита од коронавирусот и нивното кршење наиде на остра осуда од владата, а медицинските професионалци оценија дека благодарение на овие собири ќе има зголемен број случаи од коронавирусот.

Со самото тоа што авторот на постот премолчил дека станува збор за фудбалско славење во време на пандемија, и, наместо тоа, настанот го прогласува за „крај на лажната пандемија“, врши манипулација.

Впрочем, за тоа дека видеото се злоупотребува за манипулирање на јавноста говорат и некои од оние кои коментираат под самата објава. Такви се, на пример, овие коментари:

Ова се навивачите на Глазгов Ренџер и слават титула,не пишувајте глупости!!!

Глазгов Ренџерс освоија титула…Слават навивачите..Ќе одете на бан.

…не е коректно и да ја лажат јавноста со извртени видеа..Слават навивачите на Ренџерс, а не е протест против корона..Тоа ми беше целта..Доста е со лажни вести, не знаеме веќе шо е лага а шо вистина.

извор: вистиномер.мк

Next Post

Од понеделник се отвораат продавниците во Грција, но под строги правила

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk