ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во македонскиот политички вигвам

March 31, 2021 10:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Откако изби пандемијата, Мицкоски и неговата партија и нивните помалку или повеќе послушни приврзоци сложно ѝ се приклучија на инфодемијата. Па се гушкаа на партиски митинзи (не беа само тие), бараа построги мерки, а се билдаа по теретани и кафани, бараа избори, па бегаа од нив, бараа попис, па го бојкотираа, ширеа дезинформации и говор на омразата побрзо отколку што се ширеше вирусот, изгубија на избори, па бараа нови и сè по ред, како што ѝ доликува на една структура која никогаш не се откажа, барем формално од своето мрачно, диктаторско и криминално минато чиј мозок (и длабок џеб) доби азил во Будимпешта.

И оп! Дојде Анкл Сем од Америка и додека се испи едно горко кафе, со вкус на внатрешната страна од менгемето, Мицкоски побара тет-а-тет средба со премиерот.

Договор падна на белиот чаршав во угостителскиот објект на пратениците, пописот ќе се одложи, собранието ќе се откочи, ќе се изгласаат мерките за помош, ќе се разговара за изборни измени што ги предлагаа невладините (а никој не ги спомна), сè што треба ќе направи Мицкоски, а тоа што не треба, ќе го задржи во својата „патриотска“ глава, намачкана со скапиот гел.

Добро е што се договорија, се разбира. Но остануваат отворени повеќе прашања, како и, впрочем, после секоја средба на Чифтаните (Chieftain) во вигвамот на македонската политика.

Сега, со право, некои од нас ќе прашаат што ќе ни се Парламент, закони, Устав, кога само двајца можат во тет-а-тет муабет да ги решат сите проблеми на светот или барем оние на Северна Македонија. Добро прашање за дебата која никој посебно сериозно нема да ја започне, за жал.

Исто толку добро прашање е што навистина се договорија Заев и Мицкоски, бидејќи тоа што кажаа дека се договориле можеше, а и мораше да се договори во институциите, а не на белиот чаршаф во пратеничкиот клуб. Да се надеваме дека и тоа ќе е на арно. Иако, пропагандната машинерија на деструктивците во македонската политика се разбаботи истата секунда кога заврши самитот на ѕвездите на македонското политичко небо, поточно, плафонот на вигвамот.

Сепак, ако сакаме да останеме позитивни, добро е што имаме барем зачетоци на политичка култура во која постои простор за разговор и договор меѓу политичарите. До пред некоја година можевме да очекуваме договор на диктаторчето само со себе, а сè друго беше „дил-ориентед“ политика.

На крајот на краиштата, државичкава полни само триесет години на 8 септември. Има време за институциите, можеби некогаш патиштата на политичарите токму ќе им се сретнат во нив, како што е редот, според демократските стандарди, законите и Уставот. До тогаш, земете здив и пливајте како што знаете.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Пластичен хирург ѝ ги зголемил градите на Шерон Стоун без нејзина согласност

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk