ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Државата ќе набави и 500 илјади „Синовак“ вакцини, со тоа ќе се обезбедат вкупно 2,6 милиони дози

April 1, 2021 14:57
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекуваме во текот на овој месец да стигнат првите 20-25 илјади од вкупно 100 илјади вакцини од Европската унија и сите 200 илјади вакцини од Кина, како и следните количини од „Спутник В“ и вакцините од „Фајзер“, од кои имаме нарачано 800 илјади. Ќе се набават и дополнителни 500 илјади од втората кинеска вакцина „Синовак“, со што ќе се заокружи бројката од 2,6 милиони вакцини, за 1,3 милиони граѓани, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по пристигнувањето на нови вакцини од Србија.

Од нашите набавки на вакцини досега имаме добиено два пати по 3 000 од „Спутник В“ и 24 илјади од КОВАКС механизмот, додека во текот на мај, премиерот изрази уверување, дека ќе стигнат и дополнителни количини.

–  Со се поголемиот интерес на граѓаните веруваме дека ќе стигнеме до милион и триста вакцинирани граѓани. Многу е важно да ги покриеме сите тие периоди, за континуитет на целата вакцинација, од прва и втора компонента. Има дел од вакцините кои што се примаат како втора компонента меѓу осум и 12 недели, како што е „Астра Зенека“, а другиот дел се две до три недели, рече Заев.

За сите нарачани вакцини, посочи Заев, се обезбедени финансиски средства.

–  Дел се плаќаат од Буџетот, дел се од донацијата од ЕУ, а дел се кредитот на Светска банка, кој го имаме обезбедено. Доколку има потреба од дополнителни финансиски средства со ребалансот на Буџетот ќе ги проектираме, рече Заев.

Во однос на процесот на имунизација во салата „Борис Трајковски“, министерот за здравство Венко Филипче, рече дека вчерашниот ден поминал прилично успешно и без проблеми.

–  Приметивме дека околу 20 проценти од веќе закажаните не се јавија за вакцинирање. Вакцината „Спутник В“ е нешто специфична, после отворањето има два часа да се аплицира целата содржина од вијалата, која содржи десет дози. Согласно тоа, сметаме дека е идеално да биде на едно место и затоа вакцинирањето ќе почне во салата „Борис Трајковски“, изјави Филипче.

Вакцинирањето, посочи Филипче, ќе биде организирано преку закажување на системот „Мој Термин“ и директно во институциите со кои комуницираат, за вработените во МВР, дел од Армијата, судовите, обвинителството, вработените на патарина, царина и УЈП, возачите во јавен транспорт…

извор: МИА

Next Post

Почна собраниската седница за одложување на пописот

Shortcut

Најново

Охрид СОС“ бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026
Фото: Википедија

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk