ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Панел дискусија за вработливоста на младите

April 1, 2021 14:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Оперативниот план за вработување за  годинава се предвидени 1,5 милијарди денари од кои значително голем дел е за вработување на младите до 29 години им порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на присутните на панел дискусијата „Пристап и креативни стратегии во креирањето на програми за вработување на младите“ што денеска се одржа во Скопје во организација на НВО Рацио.

-Здружението Рацио презема инцијатива за да собере група млади со кои ќе зборуваме како Владата со своите програми ги поддржува младите и во периодот на Ковид и постковид. Денеска непосредно ќе зборуваме со младите за сите активни програми кои годинава како целна група ги имаат младите, но и ќе можеме да ги чуеме нивните размислувања и потешкотии со кои секојдневно се соочуваат за да можеме во активните програми и политики да вметнеме нови сегменти, изјави Битиќи пред почетокот на панел дискусијата.

Ќе зборуваме, прецизира, за младинската гаранција во Оперативниот план, програмата во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство која ги таргетира младите со поразличен пристап од претходно. Ќе стане збор и за програмите на Фондот за иновации и технолошки развој во кои речиси 50 отсто од целната група се млади, но и за конкурсите за упис во средно училиште

Годинава, како што нагласи, првпат се прави голем исчекор во средното стручно образование, особено во дуалното образование.

-Ако претходно во дуалното образование имаше 11 паралелки, годинава ќе има 95 паралелки со целосно нов инструмент за субвенционирање за мотивирање на младите да се вклучат во стручното образование, како исчекор во вработливоста на младите во државата, истакна Битиќи.

Фахми Османи од НВО Рацио посочи дека иселувањето на младите е најголем проблем во нашето општество.

-Младите немаат доверба дека ќе дојдат подобри денови за нив и за таа цел како здружение се трудиме да ги поддржиме да добијат самодоверба. Очекуваме на панел дискусијата вицепремиерот и другите поканети панелисти да им укажат за развојните и креативните програми на државата, рече Османи пред почетокот на настанот.

извор: МИА

Next Post

Каракачанов: Нема основа нацијата создадена во Москва да има малцинство во Бугарија, луѓето што го пишувале извештајот не ја научиле лекцијата по историја

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk