ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вакцината на Фајзер/Бионтек е ефикасна 91 процент, штити и од јужноафриканската мутација

April 1, 2021 16:56
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите Фајзер и Бионтек соопштија дека нивната вакцина против Ковид-19 е речиси 91 проценти ефикасна во спречување на коронавирусот.

Повикувајќи се на ажурирани податоци од истражување, компаниите соопштија дека вакцината се покажала како 100 проценти ефикасна во спречување на зараза со коронавирус кај учесници во студијата во Јужна Африка, каде што доминира новиот вид на вирусот Б1351, иако бројот на учесници во студијата бил релативно мал – 800.

Новата стапка на ефикасност од 91,3 проценти е пониска од 95 проценти, како што првично беше објавено во ноември со 44.000 учесници во студијата, а оттогаш се појавиле голем број нови мутации на вирусот низ целиот свет.

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, рече дека ажурираните резултати, кои вклучуваат податоци за испитување на повеќе од 12.000 лица вакцинирани најмалку шест месеци, им овозможуваат на Фајзер и Бионтек да поднесат барање за целосно одобрување во САД.

Вакцината во моментов е одобрена по итна постапка од американската Агенција за храна и лекови.

Резултатите од студијата „ги носат првите клинички резултати според кои вакцината може ефикасно да заштити од мутациите што циркулираат, што е клучен фактор за постигнување на имунитет на стадо и завршување на пандемијата“, изјави извршниот директор на Бионтек, Угур Сахин.

Експертите, сепак, стравуваат дека новите мутации на Ковид-19 од Јужна Африка и Бразил можат да бидат поотпорни на сегашните вакцини и лекови.

Повеќе од 300 случаи на јужноафриканската мутација се откриени во 25 американски држави, покажуваат американските федерални податоци.

извор: МИА

Next Post

Денеска се регистрирани 1.402 нови случаи на Ковид 19

Shortcut

Најново

Фото: Влада

Мицкоски за новиот закон за пушење: Донесен е со компромис, инспекциите ќе бидат ригорозни и нема да има повластени региони

May 30, 2026

ВЛЕН: По Беџети дојде Јашари, но ДУИ со години го остави заглавен правосудниот испит на албански јазик

May 30, 2026

Мицкоски знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат, обвинува СДСМ

May 30, 2026
Фото: МИА

Грција најави пакет мерки за побрз проток на граничните премини со Македонија и Турција

May 30, 2026
Фото: НАСА

(ВИДЕО) НАСА подготвена за лансирање на вселенскиот телескоп „Роман“: Финална инспекција на примарното огледало 

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk