ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Паралелно со растот на вредноста на исплатени штети, расте и износот што земјоделците и сточарите го вложиле во полиси за осигурување

April 2, 2021 10:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лани продажбата на земјоделски полиси надминаа 7,8 милиони евра. Вложувањата на аграрните компании во земјоделско осигурување лани пораснале за 65 отсто, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) 

Земјоделците и сточарите наплатиле 313,6 милиони денари (5,1 милиони евра) штети од осигурителните компании лани врз основа на покритијата од нивните осигурителни полиси. Вредноста на исплатите за настанати штети лани се зголеми за 56 отсто во споредба со претходната година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Најголем раст на наплатени штети има кај земјоделските фирми кои врз основа  на осигуреното од своите полиси наплатиле 141,4 милиони денари (2,3 милиони евра) што е за 1,4 милиони евра повеќе исплати за штети во споредба со 2019 година.

На индивидуалните земјоделци минатата година осигурителните компании им надоместиле 2,8 милиони евра за настанати штети и тоа е за 18 отст повеќе од претходната споредбена година.

Паралелно со растот на исплатените штети расте и продажбата (бруто полисирана премија) на полиси за земјоделско осигурување. Аграрни компании, индивидуални земјоделци и сточари лани вложиле за 24 отсто повеќе во осигурување. Вкупната вредност на продадените полиси за земјоделско осигурување лани достигна вредност од 480 милиони днеари (7,8 милиони евра). Најголем раст на вложувања во осигурување има кај земјоделските и сточарските фирми кои за полиси лани издвоиле 65 отсто повеќе односно 215,2 милиони денари (3,5 милиони евра).

Земјоделските компании и индивидуалните земјоделци четири години во континуитет ги зголемуваат своите вложувања во полиси за осигурување на посевите, плодовите и добитокот. Според официјалните податоци на АСО продажбата на полиси за сите класи земјоделско осигурување од 2017 година до лани е зголемена за 2,5 пати.

Според евиденцијата на АСО четири компании кои нудат земјоделско осигурување лани продале вкупно 3.751 полиса. Од тоа 3.017 се индивидуални земјоделци и сточари, а 734 се земјоделски и сточарски компании.

Што осигуруваат земјоделците и сточарите?

Полисите за осигурување во земјоделството покриваат ризици од пожар, град, мраз, луња и дополнителни ризици врз посевите и плодовите. Кај осигурувањето добиток полисите покриваат ризици од последици од болести.

Next Post

ЕУ ќе дистрибуира поголемо количество вакцини на најзагрозените членки

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk