Порано од очекуваното, денеска во продажба во Скопје излезе албумот на Panini каде за прв пат ја има и репрезентацијата на Македонија.
Продажбата низ цела Македонија, како што беше најавено, ќе почне од 5 април, но денеска колекционерите од главниот град добија мало изненадување откако албумот се појави во продажба во продавницата за странски списанија „Свет“ на ул. „Максим Горки“ во самиот центар.
Од утрината се забележуваше ред за влез и набавка на долгоочекуваниот албум.Се влегува по еден купец, а редот граѓаните одлично го запазуваат и почитуваат. Пред влезот има и средство за дезинфекција.
Во текот на денот беше забележан и селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски, кој застана во редот и чекаше да го купи својот албум заедно со неколку пакетчиња сликички. Сите му честитаа за добрата игра и сите му посакаа голем успех.
Порано од очекуваното, денеска во продажба во Скопје излезе албумот на Panini каде за прв пат ја има и репрезентацијата на Македонија. Во текот на денот беше забележан и селекторот на нашата репрезентација Ангеловски, кој застана во редот и чекаше да го купи својот албум. pic.twitter.com/v43NhMEkhF
— frontline.mk (@frontline_mk) April 2, 2021
Навистина радостта е преголема, ова е голем чин за нашата држава, сепак фудбалот е најважната спореда работа во светот.
Да го пополниме албумот и да им посакаме огромна среќа – ние сме со вас!
В. Димковска