ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Собранието заврши претресот за измена на Законот за попис за негово одложување

April 2, 2021 19:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Северна Македонија заврши општиот претрес по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка. Седницата ќе продолжи во 19:30 часот, а во меѓувреме ќе се одржи ат-хок координација меѓу пратеничките групи и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Дебатата за одложувањето на пописот во септември се води главно помеѓу пратениците од Алијанса на Албанците и Алтгернатива, кои се против одложувањето на пописот и ДУИ, кои сметаат дека пописот треба да се одложи и дека тоа нема да влијае на процесот.

Пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива го повторуваат својот став дека одложувањето на пописот не е поради пандемијата со Ковид-19, туку од политички причини односно поради масовното попишување на Албанците од дијаспората. Тие ги повикаа пратениците од ДУИ „еднаш да застанат зад дијаспората“ и да гласаат против одложување на пописот за септември. Според нив, ДУИ е виновна за заминувањето на Албанците од земјата.

Пратениците Елми Азири и Халил Снопче го повикаа претседателот на Собранието Талат Џафери да не гласа за одложување на пописот потсетувајќо на една негова телевизиска изјава дека „пандемијата не е причина за одложување на пописот“.  Азири рече дека Џафери треба да го следи примерот на Изет Меџити кој јавно кажал дека нема да го поддржи одложувањето на пописот.

Џафери излезе на реплика и побара пратениците да не се мешаат во неговите ставови, кои се конзистентни, и дека тој одговара само пред граѓаните кои го избрале. За примерот што го посочи пак Снопче, тој рече дека не е прeдавник и оти бил генерал во УЧК и не се срами од тоа. Џафери рече дека тие го повикуваат да биде предавник на лидерот.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми кажа дека албанската опозиција постојано ги менува ставовите.

Бранислав Крмов од Левица, како и Никола Мицевски и Гордана Силјановска Давкова сметаат дека до септември треба да се смени методологијата за спроведување на пописот и оти одложувањето било препорака на здравствените власти.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз рече дека денешната статистика со 50 починати се доволен основ да се пролонгира пописот.

– Значи 50 починати во изминатите 24 часа. Имаме приближно 20.000 инфицирани или заболени грашани на оваа држава. Втор аспект, вие го посочивте, можеби тоа е главниот проблем во нашата држава, што некоја од политичките партии и носители на државни функии повикуваат Албанците да се попишат. Мислам дека тоа е разгорување на национална и верска омраза. Тоа не е во функција на градење на единство во држвата, рече Трајанов.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ бараше да се одложи пописот, Левица да се бојкотира, а ДС да се одложи пописот заради сите овие елементи.

-Треба да имаме во вид дека ние живееме во една држава. Не може да се води кампања против државата во која што живееме, против Македонците, против македонштината, а од друга страна да бараме трпение и толеранција, рече Трајанов во реплика на пратеничката Сафија Садики Шаини од Алтернатива.

На дневен ред на 38. седница на Собранието се и измените на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

По завршување на 38. седница на Собранието, како што е најавено, ќе продолжат 20-та, 25-та, 26-та, 29-та, 30-та и 34-та седница на Собранието.

Преседателот на Собрнанието Талат Џафери најави дека пратениците вечерва би можеле да работат подолго за да ги завршат планираните обврски.  /МИА/

Next Post

Шахпаска во Топ Тема: И во време на светска пандемија имаме покачување на минималната плата, за три години имаме раст од 6.000 денари

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk