ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лукаревска за неисплатените плати во февруари: Ќе блокираме онаму каде има основ да се блокира

April 3, 2021 18:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 6.888 вработени не им е исплатена плата во февруари додека се чека финансиската поддршка за исплата на плати како дел од петтиот антикризен пакет заглавен во Собранието.

Тоа се 10,7 проценти од вкупно доставените 63.948 МПИ пресметки доставени до Управата за јавни приходи.

Оттаму апелираат поскоро Собранието да ги донесе законските решенија со кои ќе се овозможи практична примена на антикризниот пакет, а дотогаш најавија дека ќе има период на толеранција само за оние компании кои немале средства за исплата на плата, а ја чекале финансиската помош од државата.

– Ќе блокираме онаму каде има основ да се блокира. Онаму каде одредени компании ја чекале финансиската поддршка и очекувале дека навреме ќе ја добијат, а немале средства да исплатат плата, на нив им се доставени опомени. Телефонски ќе бидат исконтактирани за да се најде соодветно решение како би можеле да ги изменаџираат своите долгови се до моментот на носење на финансиската поддршка. Онаму каде се утврдени злоупотреби и сме виделе дека и наназад не се исплаќале плати, ќе постапуваме согласно надлежностите за присилна наплата, истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска на вчерашната прес-конференција во Владата.

Според последните податоци на УЈП од април, вкупно 133 работодавачи не исплатиле плата од минатите антикризни пакети иако им била одобрена државна помош за исплата на плати. Од нив, 110 работодавачи не исплатиле плата за 1 месец, 18 работодавачи за два месеца и 5 работодавачи не исплатиле плата за три месеца. Против нив, како што информира Лукаревска, се преземени сите мерки, а во соработка со Државниот инспекторат за труд извршени се и контроли. Контроли се започнати и кај дел од компаниите каде е злоупотребена државната помош за исплата на плати за декември.

За мерките кои се спроведоа преку УЈП како поддршка за стопанството досега се исплатени 135 милиони 344 илјади 918 евра. Обврската за враќање на примената финансиска поддршка е околу 20 милиони евра или 14,5 проценти од вкупната исплатена финансиска поддршка.

Next Post
фото: МИА

Најава за дожд и грмежи, а ноќеска и снег на повисоките места

Shortcut

Најново

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk