ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Бугарија денеска се одржуваат парламентарни избори

April 4, 2021 10:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Бугарија денеска ќе се одржат парламентарни избори, а во трката за 240-члениот бугарски парламенти ќе се натпреваруваат 6.895 кандидати, предложени од 30 партии и коалиции. Изборите се први што се одржуваат во услови на епидемијата од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Софија.

Вкупниот број на гласачи во Бугарија е 6.732.316 лица. Граѓаните својот глас ќе го дадат на 11.983 гласачки места , а во 9.398 од нив ќе може да се гласа машински. Ова е втор изборен циклус во Бугарија на кој може да се гласа машински. Постојат 409 подвижни оддели за лица со попреченост, а, исто така, ќе има и оддели во одделенијата на болници во Ковид.

Денот на изборите во Бугарија почна во 7 часот утринава и ќе заврши во 20 часот по локално време.

Први што гласаа на парламентарните избори беа бугарски државјани кои живеат во Нов Зеланд, а последни ќе бидат Бугарите на Западниот брег на САД.

Во Република Северна Македонија ќе може да се гласа во Бугарската амбасада во Скопје, Генералниот конзулат во Битола, ќе има делови во Струмица, Штип и Охрид.

Според последните анкети на јавното мислење во Бугарија, владејачката партија на премиерот Бојко Борисов – ГЕРБ има убедливо водство од 8,5 отсто пред најголемата опозициска партија БСП, односно за ГЕРБ се изјансуле 28 отсто од избирачите, а за  БСП 20 отсто.

Аналитичарите сметаат дека резултатот од парламентарните избори во Бугарија ќе го одреди излезноста и дали десницата или левицата ќе имаат повеќе пратеници во следниот бугарски парламент. Можно е партијата на ТВ-презентерот и шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ и Движењето за права и слободи до крај да се борат за третото место, со што ќе се утврди дали левицата или десницата ќе имаат шанса да ја формираат новата бугарска Влада.

Според аналитичарите, доколку само 45 отсто од гласачите излезат на гласање, тоа ќе им помогне на ГЕРБ и нејзините потенцијални партнери да останат на власт, но доколку надмине 51 отсто можно е опозицијата да има шанса да ја формира новата влада.

Меѓу шест и осум партии ќе влезат во новото Национално собрание, со што формирањето на идното владеачко мнозинство ќе се направи понестабилно.

Стравот од Ковид-19 може да им забрани на постарите гласачи и на гласачите во карантин да одат и да гласаат на изборите во Бугарија.

Евелина Славкова од агенцијата „Тренд“ е убедена дека најголемите изненадувања се очекуваат по парламентарните избори во Бугарија, кога ќе стане јасен бројот на пратеници. Сепак, според Тихомир Безлов, виш аналитичар во невладината организација „Центар за проучување на демократијата“, новата бугарска Влада, каква и да биде, нема да има друг приоритет освен да се справи со пандемијата и какви мерки и стимулации да определи за да им помогне на бизнисите.

/МИА/

Next Post
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Честитка од Заев до верниците кои денеска празнуваат Велигден

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk