ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема дополнителни мерки за затворање на граничните премини

April 5, 2021 18:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Немаме дополнителни мерки за затворање на граничните премини заради тоа што е увидено дека заразата се шири дома, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Буквално, посочи, сите земји се со одредени ограничувања.

– Посебно со затворањето на угостителските објекти нема смисла за дополнително затворање на границите. Значи нема таква мерка за затворање на граничните премини, додаде Заев, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

За мерката која ја разгледуваат односно солидарно возвраќање кон српскиот народ заради вакцините кои ни ги дадоа како донација, рече дека тоа е нешто кое се развива како идеја и дополнително ќе го разгледаат на одредени состаноци на владините институции, пред се мислам на Економскиот совет, а понатаму ќе дојде на Владата.

Појасни дека се размислува за летниот период, а тоа е јуни, јули и август кога се очекуваат српските граѓани да бидат наши туристи во државата, но и еден значаен дел поминуваат покрај или преку нашата земја кога одат во Грција, Бугарија, Албанија на одмор. Така што, потенцира, 20 евра е трошкот за патарините по 35 000 граѓани се 700 000 евра.

– Но, секако проценките за вкупно транзитирање граѓани треба да ги видиме во годините кога имало Ковид лани и во годините кога немало, колку биле вкупно за да ги донесеме одлуките. Механизми постојат, а тоа е дополнително давање винетка на возило со српска регистерка табличка со српски пасош на возачот. Со самата винетка му се ослободува на последната трака на патарината слободен влез кој го отчитува самиот систем. Механизмите постојат, но имаме дополнително време, април и мај се пред нас за носење таквите одлуки, а Владата ќе ги надокнади изгубените приходи на ЈП за државни патишта од самите патарини. Верувам дека ќе претставува нешто што најмалку можеме да направиме за да возвратиме заради тоа што да се даде помош и да се сподели со нешто кое недостига насекаде во светот со својот сосед е посебно за почит и не постои друг начин како да се возврати ни од блиску, но најмалку што можеме да направиме е да возвратиме кон српскиот народ заради тоа што тие вакцини не само што дојдоа во време кога ни требаа, туку и чинат пари, а ги добивме како донација, додаде Заев. /МИА/

Next Post

Попладневен преглед: Од утре полицискиот час почнува од 20:00 часот, пратеникот Александар Николовски се спомнува во корумпираните за легитимирање на режимот во Aзербејџан, стартуваше масовната вакцинација

НАЈНОВО

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова со директна поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат

October 29, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk